Куманово како еден од водечките индустриски центри во Македонија по транзицијата стана водечки град по невработеностГосподине Ѓорѓиевски од 2005 до 2016 година бројката на невработеност во Куманово е значително намалена. Какво е значењето на проектот Македонја вработува 1 и 2 и останатите мерки на Владата на Републка Македонија и колку вродија со плод во Куманово ?
Куманово како еден од водечките индустриски центри во Македонија, кој по транзицијата стана водечки град по невработеност. Невработеноста како проблем до ден денешен сеуште доминира во Општина Куманово. Доста помогнаа мерките на Владата, преку проектот Македонија вработува 1 и 2 , преку мерките за самовработување, преку субвенционираните вработувања за одредени категории на граѓаните во решавање на овој проблем. Во намалување на невработеноста доста придонесе и отворањето на ТИРЗ зоната во Бунарџик каде што голем број на невработени кумановчани ја најдоа својата егзистенција. Свесни сме дека во решавање на овој проблем најголем процент во решавањето ќе биде отворањето на ТИРЗ зона и со влегување на нови странски инвестиции во Општина Куманово. Се работи на привлекување на странски инвестиции во дел од затворените фабрики каде што е завршена стечајната постапка како што е Тутунскиот Комбинат – Куманово, Кожара –Куманово се со цел за нивно рестартирање, враќање на предходно вработените лица и вработување на нови лица. Идејата за ТИРЗ зона во Куманово е работа на која не сме престанале да работиме и можеби Куманово е последен град во Македонија кој нема таква зона. За сега одредена е локација и се чека преку агенцијата за просторно планирање да се расчистат сопственичките односи за да може да се дојде во фаза за изградба на потребната инфраструктура. Сметаме дека со оваа зона, која ќе се наоѓа на спојот на двата најголеми коридора во Република Македонија, Коридор 8 и 10 ќе имаме потенционално заинтересирани странски инвеститори во областа на индустриските гранки кои во Куманово не постојат, а со себе ќе повлечат вработување на повеќе иљади невработни лица, бидејќи Општина Куманово со бројката од окулу 18 000 е водечко во Република Македонија по невработеност. Вредно е да се напомене дека бројката на невработени во 2005 година достигаше огромни над 28 000 лица.
Не треба да се заборави дека Куманово во изминативе 25 години е под континуирано владеење на СДСМ , така да ветувањата на СДСМ низ другите делови на Македонија, по праведна и посветла иднина од страна на СДСМ , Кумановци го имаат видено во изминативе 25 години, каде што Куманово од водечки индустриски град е доведено во категорија на „касаба“.
2. Кое е вашето мислење за проектот „Изградба на 140 нови детски градинки“ кој го најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и дали и Куманово ке биде дел од проектот?
2. Огромен порблем на граѓаните на Општина Куманово кој со години наназад опстојува е постоечкиот мал капацитет на градинките во Општина Куманово. При последната посета на Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски се даде ветување за проширување на капацитетите на двете постоечки градинки со капацитет за сместување на плус 130 деца, проект кој влегува во проектот изградба на 140 нови детски градинки, во кој Куманово како град е ставен во приоритетните први 20 градинки за реализација во 2017 година. Поголемиот дел од вината за ваквата состојба ја има Локалната самоуправа, која не знаеше овој приоритет да го издигне на адекватно ниво и преку конкретни иницијативи, а тоа е простор и направени проекти за изградба да аплицираат до централната власт или како Општина со најголем буџет во Република Македонија да изградат самостојно некоја градинка. Јас се надевам дека на престојните локални избори Кумановчани ќе имаат чувство на кого ќе му ја доделат одговорноста и довербата да го води Куманово.
3. Од какво значење ќе биде за граѓаните на Куманово и регионот новиот Ургентен Центар кој го најавивте заедно со Претседателот на ВМРО ДПМНЕ при неговата посета на Кманово?3. Ургентниот хруршки центар чија изградба се најавува веќе две години, после силните административни прерипетии од страна на локалната власт дојде во фаза да при последната посета на претседателот на ВМРО ДПМНЕ господинот Никола Груевски биде најавено отворањето на тендерската постапка која треба да се случи за десетина дена. Ургентниот хируршки центар е сон на кумановци, на кумановските хирурзи и на останатиот медицински персонал повеќе од 30 години. Условите во кои работеше итната хируршка амбуланта, каде што се збринуваа сите акутни хируршки состојби, беше под сите стандарди на достоинството, на болните луѓе и на медицинските работници. Во Куманово имавме нефункционална организација на згрижување на овие акутно хируршки заболени и акутно повредени лица, бидејќи за дел од одредените дијагностички постапки болните мораа да бидат шетани низ другите делови на болницата по секакви временски услови. Со добивањето на овој центар сите дијагностички постапки ќе се вршат на едно место така да времето потребно за утврдување на дијагноза и почнување на лечење ќе биде скратено на минимум. Тоа значи дека покрај новата итна хируршка амбуланта која ќе биде со многу поголем капацитет,ќе имаме и ренген дијагностика со компјутерска томографија и сите пропратни специјалности потребни за функционирање на ваков центар. Со центарот најголема добивка имаат граѓаните на Општина Куманов, хирурзите и другиот медицински персонал, меѓутоа и сите повредени лица од сообраќајни незгоди кои се случуваат на Коридор 8 и Коридор 10, а ги опслужува регионалната болница Куманово. Вредно е да се напомене дека во тек е тендерска постапка и за набавка на нов дигитален мамограф за болниците во Куманово, Крива Паланка и Битола, мерка која ја најави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски при неговата посета на Куманово. Ова е за Куманово голема добивка бидејќи Куманово по инциденцата на карцином на дојка е водечка во Република Македонија. Господине Ѓорѓиевски од 2005 до 2016 година бројката на невработенос