„Не знам што би бил во состојба да му направам на монструмот кој ми ја уби сопругата…“Сопругот на убиената пејачка тврди дека нема да има милост дури и ако се утврди дека тоа монструозно дело го направил некој од неговото семејство.
„Не знам што би бил во состојба да му направам на монструмот кој ми ја уби сопругата и моето дете го раздели од мајка му, па кој и да е тој, и да ми е најблизок роднина“ –вели Зоран Марјановиќ, сопругот на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), која беше убиена на 2.Април.
Зоран вака одговори на прашањето од српски Курир дека убиецот е се уште во Борча и дека и близок на него и на мајката на Јелена, Зорица Крсмановиќ. Зоран вели дека едвај чека да се пронајде злосторникот.Сопругот на убиената пејачка тврди дека нема да има милост дури и ако се утврди дека тоа монструозно дело го направил некој од неговото семејство.