Дека на Зорица и годеше средбата, говори и тоа што силно го гушкала и му шепотела: Зоки мој, ти кога дојде, сонце ме огреа, вели сведок на посетата.Тешко болната Зорица Крсмановиќ, мајка на брутално убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ во Военомедицинската академија ја посети зетот Зоран Марјановиќ.
-Ене го, доаѓа кај мајката на Јелена за прошка. Себеси се смета виновен за нејзината смрт, е само еден од коментарите кои пациентите на ВМА ги разменуваат секојдневно гледајќи ја мајката на Јелена како клечи и плаче покрај креветот.
Нивните емотивни средби ги потресоа сите во болницата.
-Зоки мој, ти кога дојде сонце ме огреа, едвај изговорила Зорица.
Според зборовите на очевидици, во една прилика Зоран ја донел и Јана во болницата, за која Зорица постојано се распрашува, но девојчето заспало во возилото, па Владимир останал да ја чува на паркингот. Наместо тоа, Зоран на својата тешта и донел слика од нејзината внука.
-Тоа и го кажа Зоран, зошто таа веднаш праша каде е внуката. Потоа го извади телефонот и и покажа фотографии од малечката кои ги сликал во саботата наутро, вели очевидиец и додава.
-Како да имаше сила, сликите и измамија насмевка. Тргнаа и солзите, зошто Зорица цело време гледаше во телефонот.
Инаку кога Зоран влегол во собата во која лежела неговата тешта, и кога ја видел во каква состојба е, не можел да ги запре солзите….
-Силно ја гушкаше и така останаа неколку мигови. Клечеше покрај нејзиниот кревет, па разговараа. Дека на Зорица и годеше средбата, говори и тоа што силно го гушкала и му шепотела: Зоки мој, ти кога дојде, сонце ме огреа, вели сведок на посетата.
Очигледно дека односите меѓу тештата и зетот се добри и дека таа безусловно му верува и натаму, дека тој нема никаква врска со бруталното убиство на нејзината ќерка.
-Таа знае дека Зоран не е вмешан во убиството на Јелена. По смртта на ќерката, освен сестрите и малечката Јана, таа нема никого. Зорица и сама гледа колку зетот се грижи за девојчето и дека целото време и го посветува, вели извор близок до семејството.
За Зорица исто така се грижат и нејзините две сестри Славица и Љубица.
-Зорица е во лоша состојба, слабо зборува и само лелека. Со сестрата Славица постојано ја посетуваме и се надеваме дека ќе биде подобро, вели Љубица.Тешко болната Зорица Крсмановиќ, мајка на брутално убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ во Военомедицинската академија ја посети зетот Зора