Зоран со гнев и солзи на 6-месечниот помен: „Убиецот на Јелена со заби би го одвлекол во полиција“

Семејството на монструозно убиената пејачка Јелена Крсмановиќ, денеска на гробиштата Збег ќе ѝ одржи шестмесечен помен.Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка, за „Блиц“ раскажал низ што минувал последниве шест месеци.
-Како минува времето, сѐ потешко ни е. Тешко ми е да почнам да работам бидејќи ми недостига Јеца. Заедно работевме, сѐ ме асоцира на неа – вели Зоран Марјановиќ.
Како што раскажува, мајката на Јелена, Зорица Марјановиќ е во тешка здравствена состојба.
-Бог нека ѝ помогне да го протурка тоа низ што минува. Нашата ќерка Јана е многу врзана за Зорица. Не дај Боже и ние да ја изгубиме, не знам како детето тоа би го поднело – се прашува Зоран.
Тој додава дека глупости се приказните дека тој ја убил неговата сопруга.
-Да знам кој е убиецот со заби би го одвлекол во полиција. Да постои било каков сомнеж или нешто, не би чекал ни секунда – вели Зоран.Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка, за „Блиц“ раскажал низ што минувал последниве шест месеци.
-Како минува времето,

Пронајдете не на следниве мрежи: