Зоран стана поголем Албанец од Али

„Секогаш кога ќе помислите дека ова е најголемата глупост од СДСМ, тој повторно ќе ве изненади со нов бисер и со уште поголема мизерија. Сега Заев, свесен дека ја нема, а нема ни да ја добие поддршката од Македонците, заигра на гласовите на Албанците?! Настрана, ќе ги добива преку Муки, Мра, Љуми, Бени и Замир. Тешко, но свесен е дека без оваа шанса, другите опции за некаква си победа се еднакви на нула. Вака, и еден наспрема милион е, сепак, некаква шанса, нели? Така барем тврди Лојд Крисмас“, пишува „Република“.Маката ќе ве натера на сѐ… Оваа стара македонска поговорка, која ја опишува состојбата на духот на очајникот и подготвеноста да се стори сѐ за да излезе од неа, сликовито ја доловува и фазата во која се доведе СДСМ. Не толку партијата, колку нејзината врхушка, за која декемвриските избори се повеќе од хамлетовски. „Да се биде или не“ одамна не е прашање за раководството на партијата, а черепот на дворскиот шут Јорик одвреме–навреме, според потребата, само го менува името на новинарот фатен во нивната стапица, лик преку кој треба да допрат до посакуваните гласачи. Македонци, Албанци, не е битно, битно е да се победи. Некако… Повеќе од едноставно, мора „да се биде“ – бидејќи второто за некого значи крај не само на политичката кариера, туку и на слободата. Дел така ќе останат незаштитени од политичките функции, настрана од чадорот, факт што ќе значи поинаков третман на судот, а СЈО се затвора за половина година. Упс…
За вториот дел од засегнати опозиционери, пак, ова ќе значи крај на единственото што знаат да го работат и да го прават целиот живот, односно глумат дека знаат. Така, разголените политиканти, разоткриени дека немаат поим од политика, ќе мораат на стари години да бараат нова професија. Американците велат дека старите кучиња тешко учат нови трикови. Особено ако се мрзливи како нашите опозиционери. Мошне веројатно, пак, УСАИД ќе воведе нова грант-програма за дообука и преквалификација на опозициски политиканти. „Контравласти“, „контравести“ ли, или нешто слично, само да не е „контратравести“, оти тоа не е демократски, нели…
Чуму партијата милува „независни” новинари?
Како и да е, сѐ појасно е дека врхушката на СДСМ е решена на овие избори да оди на сѐ или ништо. Последните чекори ја разоткриваат бедотијата на стратегија на очајниците, колку таа и да изгледа нелогична и смешна, а секогаш кога ќе помислите дека ова е најголемата глупост од партијата, таа повторно ќе ве изненади со нов бисер и со уште поголема глупост. Прикаската нема крај, па затоа не барајте логика во нивните чекори затоа што, очигледно, ја нема. Поверојатно, раководните структури соочени со ќор-сокакот и под притисок на сѐ поизвесната судбина, воопшто и не размислуваат. За голема жал на „нормалните“ членови, поддржувачите и најголема на идаелистите, ова би било и единственото објаснување на небулозните чекори на раководството.
Еден пријател во отпуштен „муабет“ на истата тема околу безобразната нелогичност на непресушниот, непромислен бран глупости од истата адреса, подзастана и искрено и спонтано ме праша: „А ние да не ги преценуваме малку повеќе, а?“ Многу веројатно, да. „Прилично…“ Очигледно, кај сите нас постои потсвесна брана, која свесно се активира и опира на можноста некој да е толку неинвентивен. Особено кога истиот тој субјект (кој, сепак, бил само објект) две и пол децении преку постојана пропаганда ви се претставувал како громогласно олицетворение на прогресивноста и како врв на македонската интелигенција и авангарда. Проблемот се јавува кога ќе секнат не толку финансиите, колку каналите за пропагандата. Е, тогаш доаѓа до израз вистината, а таа да ти била болна и многу, многу поразителна.
Во тој случај тоа што ќе го кажете и ќе го сторите не подлежи на дообликување, фризирање и на разубавување, туку на критика и на толкување. Па така, соочени со постојаниот неуспех и бламирање, почнувате да пцуете, да терате сѐ во мајчина, да заборавите на етиката и параноично да го обвинувате целиот свет за некаков си заговор против вас и вашата кауза и извор на удобна егзистенција. Да, ова, најверојатно, би бил зачеток на македонската црна опозициска кампања. Тие ликови, соочени со сопствената празнотија, смислија добар штос. За самооправдување на личната голотија, измислија режим. Да, генезата на потребата од зборот „режим“, најверојатно, лежи и во идеолошката матрица, оставината од тие што им го оставија и имотот со кој располагаат сега, а инвентивниот соборец на кој му „текнала“ употребата на зборот, најверојатно, бил награден со место во ИО или во ЦО на партијата. Во најмала рака. Многу е веројатно тој да бил новинар. Па и така, половина членство, или барем пратеници и вработени во партијата, доаѓаат од оваа бранша. „Од кал да е, новинар да е, ама ’професионален и независен’“ – ова е дел од новата максима и опис на првата, основна квалификација за пристап до раководните функции. Николовска, Поповски, Буралиева, Ковачевска, Бишевац, Цаневска се само дел од новинарските „професионални“ трофеи на опозицијата, па дури и „забавната“ Иванна…
Најновиот новинарски трофеј на Заев
За дел од кариерата и за мотивите на споменатите можеме и да дискутираме, како и за фактот дали на перверзниот чин и на преминување од „независни“ новинари во пратеници и високи членови на партијата ги натерала егзистенцијата и можноста за лесна заработка со продавање „памет“ на недоветните или се работи за долго негувана љубов кон партијата, но најновиот новинарски трофеј на Заев има две димензии. Башка „независен“ новинар, башка радикален Албанец – вака накусо би го опишале во реплика на моментно најгледаните серии во етерот. Доаѓа по две позиции едноподруго на главен уредник во албански приватни телевизии, познат е по радикализмот и по почитта кон исламот, а инстант трансформацијата од независен новинар во зависен политичар во високиот Централен одбор на партијата ја доживеа во рок од само едно деноноќие. Идеализам, шанса за заткулисно спроведување на јавно прокламираниот национализам и радикализам или влог во семејната каса? Сите овие опции остануваат отворени за Мухамед Зеќири. Од друга стана, втората страна нема што да крие. Неговиот ангажман ја откри веќе одамна јасната стратегија на СДСМ. Тука нема никакви дилеми или опции. Заев оди на албанското гласачко тело. Го погрешил векот или не, тоа не е важно за него. Единствено битно е дека вака има некаква шанса на избори, колку и да е ступидна, комична и нереална. Поинаку, едноставно, ја нема… Си споменувате на сцената од „Глупавиот и поглупавиот“ кога Лојд Крисмас ја прашува Мери Свенсон колкави се шансите да го засака, а таа му вели дека се повеќе од еден наспрема милион? Да, тогаш Лојд радосно и одушевено скока и вреска: „Значи ми велиш дека имам шанса! Јееесс!“
Недоветниот адут на спасителот од Муртино
Со овој чин, зачинет со насмеаниот лик на лидерот на мечот Шкендија – Гент, уште понасмеан на фотографијата од втор ден жалост по смртта на осумте бранители во Диво Насеље и небулозните идеи во интервјуто за косовската ТВ кога понуди Македонците да учат албански уште од градинка и да се реотвори Рамковниот договор, спасителот од Муртино постави основа за уште посериозен дебакл на партијата. Факт е дека Зоран одамна стана Агим, неговиот ономастички пандан кај Албанците, но стравот од изборите на 11 декември прави чуда. Свесен дека, наспроти лажниот триумфализам и верба во некаква си победа, која силно му ја уништува очајната фацијална експресија, на 11 го очекува сигурен пораз, лидерот на СДСМ се обидува да одигра на последната карта.
Неверојатна и нелогична, но таа претполага Албанците да гласаат за него, место за Ахмети, Тачи, Острени, Села, БЕСА?! Свесен дека довербата кај мнозинството Македонците е нешто недостижно, а нивниот глас одамна е само „Трамвајот наречен желба“, Заев со сите неконвенционални политички средства заигра на картата на албанските гласови. Засега ги темели на радикалните Зекири и Адеми, тајна е колку ги плаќа и што сѐ не им ветил, но планира токму со нив да обезбеди победа?! Од друга страна, не пресметале ли неговите недоветни стратези колку македонски неопределени гласови ќе загубат со играта што вклучува миленичиња што се декларирани радикали, новинари што секој Божји ден преку своите медиуми прашуваа „ Зошто нема Албанци во ’волците‘?“, „Зошто ги нема во ’тигрите‘?“, а да ти ги немало доволно ни во администрацијата, наспроти фактот дека секој граѓанин што имал контакт со шалтер во која било институција ќе ви го каже спротивното, атавизам од плодните „рамковни“ вработувања, стари една и пол деценија.
За мир во куќа, различни власти ги вработуваа, а за немир истите радикално-националистички јуришници бараа сѐ повеќе и повеќе. А сега немирковците ги вдомуваат во СДСМ, дел и во СЈО. За мир кај шарените „револуционери“ ќе ги вдомат и хулиганите, па не залудно и „стрелецот“ Павле Богдановски е виден на Павел Шатев, што, најверојатно, значи и на следната пратеничка листа на СДСМ. Останаа уште малку слободни места, а во меѓувреме уплашен од дејствата се побуни и Тито Петковски. Сепак, очекувањата се дека за да ги осигури и зацврсти лабилните шарени гласови, откако го „изгореа“ СЈО за Јанески и за Шаќири, СДСМ ќе мора да најде место и за Мра, Љуми, Дерала, Бени и за Замир. Небаре Сорос не им е доволен, но самозамислениот „импакт“ врз Албанците СДСМ ќе го прави токму преку овие ликови. Утката на недоветните социјалдемократски стратези е што тие, иако, можеби, дел се радикали, дел ЛГБТ, квазирокери или, во најмала рака, нереализирани и искомплексирани браќа на познати сестри, сепак, не се команданти. настрана, повеќе од сигурно нема да се задоволат со работа на портирница…
Пишува: Љупчо Цветановски Маката ќе ве натера на сѐ… Оваа стара македонска поговорка, која ја опишува состојбата на духот на очајникот и подготвеноста да се стори сѐ

Пронајдете не на следниве мрежи: