Зоран Верушевски во текот на целиот период на самостојност себеси се промовираше во поим кој ја опфаќа сета деструктивност, подметнување, задкулисно работење, нечесност и валкани игри во македонската политиката.Тој во политиката е познат како сенка на Бранко Црвенковски, но кулминацијата во кариерата на Верушевски следеше со случајот „Пуч“.
Зоран Верушевски повторно си најде сродна душа и човек со слични сфаќања за политиката како валкана работа во Зоран Заев. Овој пат, Заев требаше заедно со Верушевски да го предводат црното сценарио за кое самиот Верушевски најавуваше дека може да резултира со граѓанска војна и крвопролевање. Тоа не беше проблем ниту за него, ниту за Заев, а ни за другите обвинети во „Пуч“, бидејќи и самите во меѓусебната комуникација која им беше пресретната од полицијата се храбреа дека биле навикнати други да страдале.
Но, Македонија во 2015 покажа дека не е иста како Македонија во 2000 година. Актерите кои стоеја зад пучот беа откриени и лишени од слобода. Еден од нив ја призна и вината и се спогоди за казна затвор од три години. Другите обвинети одбраа да се бранат со молчење.
Меѓу нив и Зоран Верушевски. Тој реши да молчи пред обвинителството и пред судот и за „чадорот“ кој го штител и за „зовривањето, крвопролевањето и граѓанската војна“ која претстои.
За жал Македонија и во 2015 година се уште се соочува со некои од старите предизвици. Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева побара Верушевски да биде ослободен од притвор, без да го образложи тоа.
Јанева се уште молчи. Веќе неколку денови специјалната јавна обвинителка молчи и не дава одговор на прашањата: Дали пред да побара да го ослободи Верушевски, тој кажал кој е „чадорот“ што ја штитеше неговата организирана криминална група? Дали признал што мислел со „зовривање на атмосферата“, најавите за граѓанска војна и страдањето на другите.
Верушевски одби на тогаш надлежното јавно обвинителство за гонење организиран криминал да им ја каже шифрата од трикриптот, односно заштитата во неговиот компјутер која органите на прогонот не можеа да ја пробијат. Една од претпоставките е дека скапиот и современ софтвер кој го набавил од странство, Верушевски веројатно го искористил за да ги заштити најчувствителните податоци.
Како Специјален Јавен обвинител, Катица Јанева по устав и по закон е обврзана да го гони уште пожестоко овој човек кој се уште претставува сериозна закана. Наместо да притисне уште повеќе за расветлување на сите дилеми од случајот „Пуч“ согласно овластувањата кои и стојат на располагање, Катица Јанева одлучи да побара Зоран Верушевски да биде ослободен од притвор.
Јанева не даде образложение до јавноста зошто се одлучи на ваков срамен и недоличен потег за еден обвинител. Дали Катица Јанева знае кој е „чадорот“ или таа самата била „чадорот“?
Дали Катица Јанева ја доби шифрата од трикриптот, односно заштитата од компјутерот на Верушевски? Дали на Катица Јанева не и пречат најавите за граѓанска војна и страдање на другите?
Сите овие легитимни прашања останаа неодговорени.Тој во политиката е познат како сенка на Бранко Црвенковски, но кулминацијата во кариерата на Верушевски следеше со случајот „Пуч“.