Македонската јавност многу пати досега имала можност да го види вистинското лице на човекот кој сега се прикажува во улога на Махатма Ганди. Јадење живи луѓе, свиткана кичма, аболиција за криминал се само дел од политичкиот багаж на Зоран Заев, кој сега во јавноста се прикажува како невидена жртва. Истиот тој човек, кој сега го глуми Ганди, пред локалните избори во 2013-та година даваше изјави дека “ќе се пука“ доколку локалните избори се одржат во закажаниот период и беше во првите редови кога заедно со Бранко Црвенковски се обидоа да се судрат со полицијата и граѓаните, рушејќи ги бариерите и директно судирајќи и газејќи ги полицајците кои го чуваа редот пред Собранието.Зоран Заев е аболициран криминалец за злоупотреба на службената должност како градоначалник на Струмица и направен криминал во висина од околу 8 милиони евра. Фирмата која го градеше Глобал е во сопственост на лицата Бранко Стамболиски и Горан Крстев, кои пак се косопственици и во фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик со нив е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев.
Притворот и целата постапка, ја прекина одлуката на тогашниот Претседател Бранко Црвенковски за аболиција на осомничените, со што се спречи да се дознае вистината за вмешаноста на Зоран Заев во оваа афера. Околу Зоран Заев исто така се врзуваа и голем број афери и матни зделки поврзани со неговата позиција градоначалник на општина Струмица.
Заев беше фатен жив на дело како бара пари за мито. На видео снимката која се појави на Јутјуб каналот кристално јасно се гледа и слуша дека опозицискиот лидер бара мито од 200.000 евра. Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат, Вице Заев.
Она што е дополнително скандалозно е тоа дека Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.
Зоран Заев во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да направи отстапки во спорот за името и како што рече да ја свитка кичмата, што несомнено предизвика рушење на позициите на македонија во преговорите, бидејќи дојдоа од тогашниот формален лидер на најголемата опозициска партија.
На партиски собир во Валандово, Заев пред своите сопартијци порача дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт. На истиот собир призна дека партиски вработува во општина Струмица и дека тоа како модел ќе го преслика и кога ќе дојдат на власт.
“Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди“- рече Заев
Истиот принцип на партизација на администрација го најави и на централно ниво.
“Ако почитувани социјалдемократи пред сé ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и дека рече ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат… свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија“ – вели Заев.
Непосредно пред локалните избори во 2013-та година, Заев во телефонски разговор порача дека СДСМ нема да оди на избори туку дека ќе се пука во Македонија, доколку локалните избори се одржат во закажаниот период.
Зоран Заев беше во првиот ред на протестите на 24 декември пред Собраниетоп на РМ, кога заедно со Бранко Црвенковски се обидоа да се судрат со полицијата и граѓаните, рушејќи ги бариерите и директно судирајќи и газејќи ги полицајците кои го чуваа редот пред Собранието.Зоран Заев е аболициран криминалец за злоупотреба на службената должност како градоначалник на Струмица и направен криминал во висина од околу
Пронајдете не на следниве мрежи: