Опозицискиот лидер Зоран Заев ја втурнува државата во уште поголема политичка криза, во обид да избега од соочување со народот на 24-ти април.На вчерашните маратонски разговори во Пржино, Заев потрошил часови да ги убеди сите останати изборите да бидат одложени. Единственото што очигледно му било важно е избори да нема иако сите го убедувале дека според договорот, избори треба да има на посочениот датум и дека сите услови се и ќе бидат исполнети.
Трите останати најголеми политички партии во земјава ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА не прифатиле одложување на изборите.
Еврокомесарот Јоханес Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите. Да потсетиме дека претседателот, мнозинството членови и секретарот на ДИК се луѓе од редовите на СДСМ.
Заев одамна бараше ваков став од Хан, но како и многупати досега не застана зад сопствениот збор. Имено, на 29-ти декември, во изјава за порталот Мета, Заев изјави дека СДСМ ќе излезе на избори само ако Хан и ДИК гарантираат дека се исполнети условите за тоа.
Избори на 24 април 2016 година ќе се одржат само ако се гарантира дека тие ќе бидат фер и демократски, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Според него, цврсти гаранции дека се исполнети условите за демократски избори треба да даде Државната изборна комисија.
Тој вели дека само таа е надлежна да објасни дали во периодот што преостанува има време да се завршат сите договорени работи помеѓу политичките партии потписнички на Договорото од Пржино или не.
– Во првата половина на јануари во Македонија доаѓаат европратеници и еврокомесарот Јоханес Хан. Тогаш претставници на сите партии ќе имаме средба со него и ако одлучиме дека има шанси за фер процес, изборите ќе се одржат. Сепак, за тоа не може да одлучува само СДСМ. Ние сме само една од страните во процесот. Но, ако има цврсти гаранции дека договореното може да се испочитува, ние ќе учествуваме на избороте, изјави Заев.
Синоќа тој го доби она што го бараше. Гаранции од Хан, ДИК и ОБСЕ дека до 24-ти април условите за избори можат да бидат исполнети. Но, тоа на Заев очигледно повеќе не му е важно. Државата е спремна за избори, но СДСМ не е.
Хан уште еднаш истакна дека списокот до рокот може да се прочисти. Вакво уверување тој истакна по излегувањето од долгочасовните преговори во Пржино, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги напушти, неприфаќајќи избори на 24 април.
Комесарот Хан рече дека Македонија се наоѓа во многу деликатна состојба и жали што сите партии не постигнале договор за избори на 24 април. Тој смета дека сè уште има можност да се договорат сите спорни прашања и најави дека медијаторот Питер Ванхауте ќе остане во земјава и ќе разговара со партиите.
–Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави синоќа Хан.
Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април
-Комесарот Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан. Исто така, комесарот Хан не’ информираше дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни Кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време се’ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.
Иако уверувањето кое го бараше го доби, Заев вели дека СДСМ на избори на 24-ти април нема да учествува. Со тоа, партијата која ја креираше политичката криза во земјава, грубо го прекршува договорот од Пржино.На вчерашните маратонски разговори во Пржино, Заев потрошил часови да ги убеди сите останати изборите да бидат одложени. Единственото што очигледно