Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално-мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии помеѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци.Шпетин Положани, претседател на здружението на албански политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења кажа “Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, ако дојдат на власт“.
Положани објаснува дека СДС извршил огромна манипулација кај нашите сограѓани од албанско етничко потекло.
„Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин.“
Заев се расфрлал со нелегални ветувања и без милост или ги манипулирал или се впушта себе си во огромен криминал само за да дојде на власт.
Заев докажа дека освен криминал во животот ништо друго и не знае да работи. Сите го видовме како бара евро за Вицето, како краде 8 милиони евра во случајот „Глобал“ и како врши пуч на легално избран Премиер, а сега гледаме како вршел изборен криминал. Се расфрлал со нелегални ветувања и ортачел со мафијашки структури од Македонија и регионот.
Заев е свесен за кривичната одговорност која треба да ја сноси и токму затоа ги заплашува судиите и се рафрла со закани за реизбор на судии, мислејќи дека ќе избегне одговорност.
Заев треба да знае дека овие кривични дела се дела кои не застаруваат бргу и одговорност за нив ќе има!
Заев и кликата околу него ќе одговараат за своите кривични дела и од тоа нема да ги спаси никој.Шпетин Положани, претседател на здружението на албански политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења кажа “Имам евидентирано неколку сл