Зоран Заев ќе направи бојкот на наредните избори?

Претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, во интервју за бугарски фокус, изјави дека СДСМ досега попуштале во повеќе наврати и учествувале на изборите што партијата ја чинеле тешки порази.
„Досегашната наша конструктивност и учество во изборните циклуси заради интересите на државата во ситуации кога беше јасно дека подготовката и реализацијата на изборите се далеку од регуларни, не чинеше неколку тешки порази. Мора да ставиме крај на самоволието на власта“ – вели Заев во интервју за Фокус.
Тој нагласи дека неговата партија е подготвена за избори без разлика кога тие ќе се одржат, но никогаш нема да дозволи да се одржат избори за кои се знае дека ќе бидат реализирани во спротивност на стандардите и препораките на ОБСЕ.
„СДСМ во изминатиов месец одржа два конгреса, ги избра новите раководни тела и органи, ги спроведе статутарните реформи неопходни за зацврснување и зголемена ефикасност на партијата, за отвореност и приближување до граѓаните. Ние уште денеска сме целосно подготвени за избори, но како што веќе истакнав, единствено врз основа на подготовки согласно меѓународни стандарди. А кога ќе се случат такви избори, ќе бидете изненадени колку лесно ќе биде поразена оваа владејачка номенклатура. Сеедно, дали на предвремени, парламентарни или редовни претседателски“ – вели Заев.Претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, во интервју за бугарски фокус, изјави дека СДСМ досега попуштале

Пронајдете не на следниве мрежи: