Фирмата „ЗОВИ-Промет“, со која раководат таткото и чичкото на Заев, од декември 2009 година до април 2013 година, седумпати потпишала договор со ЈОУ „Детска радост“ под раководство на општина Струмица. Станува збор за вкупна вредност (на сите договори) од 30.479.891 денари.Во документот до кој дошол „Дневник“, видливо е дека, покрај седумте договори, еден склучен во 2009, четири во 2011 година и два годинава, фирмата „ЗОВИ-Промет“ на 12.12.2011 година склучила и еден договор директно со општина Струмица во вредност од 84.400 денари.
Оние документи што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ за овој случај укажуваат на класичен пример на непотизам, една од деветте форми во Законот за спречување судир на интереси. Истото го потврдуваат и од Државната комисија за спречување на корупцијата, која е запознаена со случајот, но с` уште не го разгледала.
-Најавено е оти многу скоро, односно најверојатно веќе на следната седница, случајот ќе биде ставен на дневен ред. Анти корупционерите, но и познавачите на правото со ист став дека станува збор за судир на интереси и непотизам, односно давање предност, корист или друга погодност од страна на службеното лице (во случајот Зоран Заев) во извршување на должноста кон некој со кој има семејни или деловни врски (татко му и чичко му), пишува весникот.
Од антикорупциска појаснуваат дека кога добил информација дека татко му ќе учествува на тендерот, па макар и да бил единствен пријавен, заедно со чичко му, Заев бил должен да го сигнализира татковото учество во процесот. Меѓу другото, должен бил приватниот интерес да го тргне на страна и да се изземе од целиот случај, по што Советот на Општината требало да одреди кој ќе го замени во таа ситуација. И во членот 8 од Законот за спречување судир на интереси се вели истото.
– Во случај на судир меѓу приватниот и јавниот интерес, службеното лице е должно да постапи според јавниот интерес – стои во Законот, пренесува Дневник.
Зоран Заев, струмичкиот градоначалник никако не смеел да потпише договор со родениот татко, истакнуваат од ДKСK, затоа што, факт е дека тоа е директен судир на интереси.Во документот до кој дошол „Дневник“, видливо е дека, покрај седумте договори, еден склучен во 2009, четир