Лицето Зоран Заев попладнево било пронајдено во Љубљана после распишаната меѓународна потерница по него од страна на неговите партиски другари од СДСМ и жителите на Струмица.Заев беше пријавен за исчезнат пред 7 дена од загрижените партиски соборци на Бихачка, после голем притисок од страна на граѓаните на Струмица, градот на кој барем формално правно Заев е градоначалник.
Неофицијално дознаваме дека Заев викендот го поминал на Палма де Мајорка, после што се упатил за Словенија, каде го забележале загрижените симпатизери и членови на СДСМ.
„Никаде не можевме да го најдеме човекот. Во Струмица не е појавен, но барем знаевме дека е во Македонија, од време на време се појавуваше пред камерите во Скопје. Меѓутоа, откако судот одлучи дека ќе му се суди за мито, човекот го снема од Македонија, па се загриживме и за тоа го алармиравме МВР. Од таму ни кажаа да бидеме релаксирани“, вели еден Струмичанец.
МВР со кое сега раководи релаксираниот Оливер Спасовски ги контактирало колегите од Словенија кои успеале да го лоцираат лицето Зоран Заев во еден јапонски ресторан во Љубљана.
Во прв момент Заев го криел својот идентитет и бил маскиран како самурај, но полицијата од Љубљана успеала да го препознае бидејќи маската од струмичкиот карневал на Заев била добро позната за сите Словенци.
Дознаваме дека лицето Зоран Заев ќе и биде вратено на Македонија деновиве и покрај неговите молби да му биде продолжен престојот во Словенија со изговор дека може да им понуди ајвар подобар од нивниот.
Официјална Љубљана на ова се одлучила поради историјата на Заев со своите лаги во дипломатски скандали да вмешува цели држави.
Кромиди ЗападЗаев беше пријавен за исчезнат пред 7 дена од загрижените партиски соборци на Бихачка, после голем притисок од страна на граѓаните на Струмица, гра