Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно е фатен на лага, во сомнителни тендери со блиски пајташи и партиски функционери.
Граѓаните на Македонија на 11-ти декември гласаа против криминалите на Заев кои изминатите години ги прикриваше зад партиската функција и зад функцијата градоначалник на Општина Струмица.
Граѓаните на Република Македонија очекуваат надлежните институции сериозно да ги истражат тендерите за набавка на гас во Општина Струмица.
Граѓаните очекуваат одговор од надлежните органи на следните прашања:
Дали Митко Андреевски, актуелен Претседател на комисијата за енергетика на СДСМ е основач на фирмата Си Ен Џи Системс која редовно ги добива тендерите во Струмица?
Дали оваа фирма не поседува никаков имот, ниту средства за извршување на дејноста која ја врши?
Дали фирмата на Митко Андреевски има само 1 вработен?
Дали фирмата е регистрирана на адресата „Атанас Раздолов“ бр. 14 во скопската населба Драчево, во семејна куќа на родителите на неговата сопруга?
Како фирма со само еден вработен, без никакви средства и без никаков имот редовно ги добива тендерите за гас во Општина Струмица?
Колку пари фирмата на Митко Андреевски од Општина Струмица инкасирала изминативе 3 години?
И најважно од се, дали фирмата Си Ен Џи Системс ги исполнува сите услови кои ги побарува ЈП Струмица Гас за да го добие тендерот за набавка на гас во Општина Струмица?
Дали Митко Андреевски бил еден од најблиските советници на Бучковски кој бил инволвиран во партискиот скандал кога вртел по емисии и го манипулирал јавното мислење преку службен телефон од министерството?Граѓаните на Македонија на 11-ти декември гласаа против криминалите на Заев кои изминатите години ги прикриваше зад партиската функција и зад функц