Лидерот на СДСМ, Зоран Заев продолжува на секој можен начин да го избегнува судењето за случајот „Поткуп“, каде е обвинет за примање мито од 200.000 евра. Заев денеска не присуствуваше на рочиштето, бидејчи според неговата одбрана заминал во Сараево за да прими награда за најградоначалник.Одбраната на Судот му презентирала известување дека Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и дека поради тоа, лично ќе присуствувал во Сараево за истата да му биде врачена. Поради неприсуството на Заев, судење не се одржа, а следното рочиште е закажано за 3 април.
-Сепак, според информациите до кои дојдовме, станува збор за уште едно евтино алиби на Заев да го избегне судењето и соочувањето со правдата. Потпретседател на жирито кое ја доделува оваа награда е Ердал Трхуљ, поранешен министер за енергетика на Босна и Херцеговина, кој денеска работи за босанската компанија „Еуроасфалт“, пишува порталот Журнал.нет.
Трхуљ инаку е добар пријател со првиот човек на организацијата ИФИМЕС, Зијад Бечировиќ , кој отворено го фаворизира Заев, поради што е јасно како Заев успева да стигне до оваа “престижна“ награда и тоа баш на истиот ден кога треба да се појави на суд за случајот „Поткуп“, па мора да отпатува во Сараево за да ја прими.
Токму Заев неодамна се сретна со директорот на ИФИМЕС, Бечировиќ, а лидерот на СДСМ учествуваше и на неколку дебати организирани од ИФИМЕС. На една таква дебата органзиирана од ИФИМЕС учествуваше и сдсмовскиот идеолог Љубомир Фрчкоски и на истата најавуваше широка коалиција за промена на уставното име. Љубљанската ИФИМЕС важи за водечки лобист и отворен поддржувач на полтииките на СДСМ во Словенија.
-Доброупратени извори коментираат дека дел од договорот при оваа купена награда на Заев е ако лидерот на СДСМ ја преземе власта во Македонија, фирмата „Еуроасфалт“ зад која стои потпретседателот на жирито кое ја доделува анградата, да добие силни градежни тендери во Македонија, бидејќи Заев ветува брда и долини кога ќе дојде на власт. Инаку, Бечировиќ е веќе разоткриен од словенечките медиуми, откако неговата ИФИМЕС е обвинета дека била вмешана во коруптивни скандали со градоначалникот на пристанишниот град Kопар, Борис Поповиќ, кој инаку близок пријател на Зоран Заев, пишува Журнал.
Истите извори за порталот коментираат дека било договорено Заев да ја добие таа награда веќе минатата година, но се чекал момент кој нему би можел да му помогне најмногу за политички да поентира на македонската политичка сцена. Токму поради тоа, Заев отиде баш денеска да ја прими фамозната награда, со цел повторно да избега од судењето во случајот „Поткуп“ и уште еднаш потврди дека со смислени сценарија се обидува да избега од правдата.
Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано за 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше повеќе одложувања за старт на процесот поради, како што тврдеше одбраната, службени обврски на Заев. Според Обвинителството, Заев во својство на градоначалник на Општина Струмица од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.Одбраната на Судот му презентирала известување дека Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и дека поради тоа, лично