Инвестицијата која претседателот на СДСМ Зоран Заев денес ја промовираше во општина Струмица при што најави вработување на 250 лица всушност била инвестиција која ја договарала во целост Владата на Република Македонија.Инвестицијата која претседателот на СДСМ Зоран Заев денес ја промовираше во општина Струмица при што најави вработување на 250 лица всушност била инвестиција која ја договарала во целост Владата на Република Македонија.
Станува збор за холандска инвестиција во сверата на производството на семенски материјал за цвеќиња.
Министерот без ресор Веле Самак кој непосредно бил вклучен во преговорите со холанската компанија, за вестите на Сител изрази вчудоневиденост од ваквиот гаф на Зоран Заев и од фактот што тој се фали со туѓа инвестиција.
Тој со прецизни бројки, факти и аргументи образложувајќи го целокупниот процес на привлекување на оваа странска компанија од страна на владата го демантираше во целост пресот на Заев и го демаскираше неговиот обид за манипулација.
Министерот Самак меѓу другото изјави дека преставниците на компанијата од Холандија во повеќе наврати биле директно во владата на координативни состаноци со него, со вицепремиерот Пешевски и со Премиерот Груевски при што биле договорени повеќе конкретни работи кои биле од интерес за одлуката на компанијата да инвестира во нашата земја.
По тие разговори пред извесен период бил потпишан договор помеѓу владата и компанијата за државна помош која изнесува над еден милион евра за да оваа компанија инвестира во Македонија, а исто така Владата согласно законот обезбедила даночни олеснувања за да се реализира оваа инвестиција.
„Китењето со туѓи перја“ е најновиот гаф на Зоран Заев кој по се наликува на оној на неговиот партиски колега и поранешен градоначалник на Охрид Зоран Петрески кој два пати отвараше улица во Охрид која претходно Владата ја пушти во употреба.Инвестицијата која претседателот на СДСМ Зоран Заев денес ја промовираше во општина Струмица при што најави вработувањ