Зоран Заев се понудил самиот тој да биде Специјален јавен обвинител?!

Социјал-демократскиот сојуз попладнево соопшти дека нема да се појави на изборите на 5-ти јуни. Причините, како што велат, се евидентни: Јанева не ја исполнила зададената задача.„Очигледно е дека Катица Јанева и целото Специјално Јавно Обвинителство не си ја завршија работата која ја очекувавме од нив. Сакавме да видиме апсења, притвори, дури и затворски казни. А што добивме? Компир. Очигледно е дека Јанева не си ја врши работата како што сакаме, а добро знаете дека без притворите кои ги посакувавме, нема резон да одиме на избори кои ќе ги изгубиме“, велат од СДСМ.
Големото разочарување во редовите на СДСМ од работата на Катица Јанева го коментираат и граѓаните на социјалните мрежи.
„Убаво Заев ти побара притвори за сите, а ти не успеа да го исполниш тоа. Катица, ти си срам за СДСМ“, вели Зоран Николовски.
„Што мислат вмровците, дека ќе идеме на избори кои ќе ги изгубиме? Нема шанса. Дајте нова Катица да уапси некого за да им го намалиме рејтингот – потоа може да одиме на избори“, коментира Маријана Ристовска.
Неофицијално, Зоран Заев се понудил самиот тој да биде Специјален јавен обвинител за да ја заврши работата која што Катица Јанева не успеала да ја заврши. Во СДСМ не сметаат дека Јанева била злонамерна, туку дека веројатно не ги разбрала пишаните смерници од СДСМ.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
(Република)
 „Очигледно е дека Катица Јанева и целото Специјално Јавно Обвинителство не си ја завршија работата која ја очекувавме од нив. Сакавме да види

Пронајдете не на следниве мрежи: