Опозицискиот лидер Зоран Заев продолжува да тера политика и партиска промоција на сметка на погодените граѓани од поплавите кои ја зафатија Македонија. Таков беше случајот и денеска каде Заев на кратко се појави во едно од најпогодените подрачја, селото Стајковци.Заев заедно со својата свита од десетина скапи возила пристигнал напладне во Стајковци. Веднаш откако дошол со камери и медиумски послушници блиски до СДСМ, на кои во изминатиов период најглавна активност е да го хушкаат напатениот народ и да стимулираат незадоволство, првиот човек на СДСМ парадирал и си заминал.
На опозициските медиуми може да се забележи две минутно видео од денешната посета на Заев во Стајковци, а присутните велат дека практично толку и траело присуството на Заев во Стајковци. Тие нагласуваат дека Заев и неговата придружба исклучиво одат кај нивни членови, додека обичните граѓани кои се неутрални или не се нивни поддржувачи немаат никаков бенефит, односно Заев ги посетувал исклучиво дворовите и домовите на членовите на СДСМ.
-Заев сите нас овде не’ одмина и отиде кај негов член и поддржувач, таму се задржа неколку минути, се сликаа и си замина. Нас не’ ни треба парадирање, ни треба работа и вистинска помош, раскажува еден очевидец за Курир.
-Нека се фати и Заев и неговите за лопата, ако фрлеа по една лопата многу ќе ни помогнеа, додава друг очевидец.
Жителите од Стајковци коментираат дека членови на СДСМ постојано на терен се обидуваат да внесат политика во оваа катастрофална ситуација, кажувајќи како за секоја работа прават поделби на граѓаните кој од која партија бил.
Во изминатиов период додека од една страна се води црна кампања и пропаганда против владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, од друга страна Заев исклучиво се појавува за сликање, додека дополнително неговите уфрлени провокатори провоцираат инциденти и наместо да помогнат, му одмагаат на населението во справувањето со природната катастрофа.
Еден таков уфрлен провокатор беше избркан вчера од Сингелиќ од страна на револтирани граѓани кои го препознаа неговиот обид да изглуми наводна жртва од поплавите. Инцидентот кој смислено беше инсцениран од Заев и СДСМ се случи за време кога екипа на бугарската телевизија Нова беше во околината на Груевски, со цел инцидентот да биде претставен како скандал, во поширокото подрачје.
Дрскоста на извршителите на наредбите на Заев беше толкава, што локалното население мораше и јавно да се конфронтира и да ги избрка провокаторите на Заев. Излезе на виделина дека станува збор за провокатор на СДСМ/Сорос од Прилеп испратен да предизвикува проблеми, додека лицето кое му се спротистави е дел од локалната самоуправа кое секојдневно помага во справувањето со катастрофите.Заев заедно со својата свита од десетина скапи возила пристигнал напладне во Стајковци. Веднаш откако дошол со камери и медиумски послушници блиски