СДСМ се уште не се откажува од идејата на насилен пат да избере претседател на Собранието, со цел да ги испорачаат барањата за кои се задолжиле. Поради ова тие се спремни со насилно сценарио да дојдат на власт. Ова тврдење го поткрепуваат сè поголем број експерти и поддржувачи на СДСМ, кои јасно и гласно му даваат поддршка на Зоран Заев и го охрабруваат да го почне насилното сценарио за незаконски избор на претседател на Собранието.Поранешниот висок функционер на СДСМ и сопартиец на Зоран Заев, Љупчо Палевски, смета дека обидите да се заобиколи волјата на народот и надвор од процедурите да се избере претседател на Собрание или Влада е нешто што е посакувано од страна на албанските националисти.
-Токму албанските конзервативни, иредентистички или похардкор националисти, веќе две децении посакуваат оваа држава да има два парламента и две влади, во која четирите албански партии ќе бидат концентрирани во едниот, без разлика кој е квази, кој е законски парламент или законска влада. Што ќе случи? Со таква импровизација се покажува дека неговата лична кариера, да биде премиер на оваа држава, Зоран Заев ја става над интересите на СДСМ, кој ќе има една голема хипотека во наредниот период заради такви непромислени потези, изјави Палевски во гостување на ТВ Нова.
Доказ дека албанскиот национализам повампирува се и последните изјави на премиерот на Албанија и покровител на Тиранската платформа, кој почна да најавува федерации на Балканот, тој во интервју за белгиски „Политико“ кажа дека доколку вратите од ЕУ останат затворени, можно е соединување на Косово и Албанија.
-Никој не сака мали сојузи, сите сакаат голема унија. Но ако нема надеж, нема перспектива, нема место, тогаш секако малите сојузи можат да се случат, изјави Рама
На изјавите за федерации на Балканот реагираше и претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев. Тој вели дека ваквите изјави не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи. Напротив, додаваат масло на огнот кој тлее и ги разгоруваат националистичките чувства кај сите поединечно.
-Дури и Европската унија нема дилема дека иднината на државите од Регионот е во ЕУ. Само Рама со неговиот тим ги има и очигледно мисли дека со неговите алтернативи добива предизборно и ги покрива домашните слабости. Никакво територијално прекројување, обединување или разединување не е во насока на поголема стабилност и мир, ниту на просперитет. Секоја држава од Регионот е суверена држава, a главна цел треба да и биде зголемување на стандардот на граѓаните, во сопствените граници. Доколку сите работиме посветено на решавање на проблемите дома, полесно ќе можеме да се приближиме кон европското семејство. Зашто иднината на Регионот не е во обединувањето на две држави или повеќе територии, туку иднината е во обединувањето на сите околу европските вредности во Европската унија, напиша Димитриев на Фејсбук.
Голема дебата околу околу однесувањето и изјавите на албанските политичари се води и во Србија, државата која покрај Македонија, за која Еди Рама ја состави платформата, која поддржана од лидерот на опозицијата Зоран Заев, има за цел да ја наруши унитарноста и суверенитетот на Македонија. Скандалозната изјава на Рама за соединување на Косово и Албанија, како и уште поскандалозната на градоначалникот на Бујановац, Јонуз Муслиу, кој кажа дека сојуз меѓу Албанија е бесмислен без делови од Србија, почна да ги зоврива страстите и кај нашиот северен сосед.
-Унија на Албанија со Косово, без Прешевската долина, без Медвеџа, Бујановац и Прешево е бесмислена. Сега е клучниот момент Албанија и Косово да и покажат на Србија дека тоа е дел од Албанија, во кој не треба да се чепка, изјави Муслиу.
На изјавите на Муслиу, кој надополни дека и Ниш е дел од Голема Албанија, реагираше и министерот за труд на Србија, кој кажа дека овие скандалозни изјави на Муслиу се повик трета Балканска војна.
-Неговата изјава е јасен напад на уставниот поредок и територијалниот интегритет на Република Србија. Ова треба да го коментираат надлежните државни органи и тој за ова би морал да одговара. Ова не е политичка изјава, ниту личен став, туку повик за рушење на уставниот поредок и загрозување на територијалниот интегритет на Србија. Ова продолжение на она што го направи Еди Рама, го продолжи Хашим Тачи, тоа е повик на трета балканска војна за створување на Голема Албанија, изјави Вулин при посетата на Бујановац.
Тој додава дека јасна е целта на Приштина и Тирана, а тоа голема Албанија и обединување на сите Албанци.
-Приштина и Тирана јасно кажаа која е нивната цел, тоа е голема Албанија и обединување на сите Албанци, каде и да живеат тие, во еден етнички простор. Тоа може да се постигне само преку голема балканска војна, а тоа мора да му биде јасно на Брисел, кој ако не е барем во состојба да осуди, треба да стави до знаење дека таквото однесување ќе биде казнето, рекол Вулин, пренесува Танјуг.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека ЕУ, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на изјавите на албанските политичари. Дачиќ вели дека политичарите Албанци отворено признаа дека Прешевската долина треба да е дел од Голема Албанија и дека всушност тоа е крајната цел,пренесува „Б 92“.
– Муслију го придодаде Ниш,утре тоа ќе биде Скопје, Улцињ, Епир.Ќе проговорат ли ЕУ, САД и Велика Британија за ова, праша Дачиќ. Ако тоа не го направат и овој пат кога голема Албанија стигна до Ниш дирекно ќе одговараат за последиците, потенцира тој.
За разлика од острите реакции на српските политичари на изјавите на албанските политичари, лидерот СДСМ, Зоран Заев со цел по секоја цена да дојде на власт ја прифати тиранската платформа, која има за цел федерализација на Република Македонија.
Поранешниот висок функционер на СДСМ и сопартиец на Зоран Заев, Љупчо Палевски, смета дека обидите да се заобиколи волјата на народот и надво