Зоран Заев, Верушевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева учествуваат во разнебитувањето на Македонија

Опозицискиот лидер Зоран Заев, екс-разузнавачот Зоран Верушевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева учествуваат во разнебитувањето на Македонија.Првите двајца со организација и изведување на процесот на незаконско собирање и незаконско објавување на прислушкувани материјали, а обвинителката Јанева со задача да спречи законско гонење на Заев и Верушевски и да го разводни целокупниот процес што би водело кон покривање на трагите и ослободување од одговорност на осомничените Заев и Верушевски.
Целта на сите тројца пак, свесно или несвесно е да бидат учесници во процесот на разнебитување на Македонија и ослабување на способноста на земјата за државност и заштита на државните интереси.
Ова се тезите истакнати во емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов во која гостуваше еминентната аналитичарка и новинарка Мирка Велиновска. Соговорниците посочуваат дека се работи за многу слично сценарио како во 2001 година, а и во двата случаи во центар на целата афера и процес за деструкција и беззаконие се наоѓа Зоран Верушевски.
-Едни исти луѓе во два временски периоди 2001 и 2015 година учествуваат во двете големи афери со прислушкување во рамки на Република Македонија. И аферата „Пуч“ и аферата „Големото уво“ која се случи во 2001 година. Во таа група се наоѓа и господинот Зоран Верушевски, изјави Ефтов.

И Ефтов и Велиновска потсетуваат на информациите и фактите според кои Верушевски во континуитет од 2001 година до сега на разни начини  противзаконски тонски или видео снима разговори или пак ситуации  и настани, или пак преку разни канали повторно обезбедува прислушкувани разговори. Тој тоа го прави за личен интерес, и потоа со истите тие материјали преку уцени и закани извлекува лична корист, а на штета на Македонија и правниот поредок.
Велиновска истакнува дека покрај во 2001 година, Верушевски и во 2006 година бил во ситуација да ги уценува државните власти за да го спаси својот проблематичен син  кој беше обвинет за рекет и пукање по Скопје, и прикажувал незаконски снимани материјали.
-Јас бев кај него во стан на негов повик. Да разговара со мене да ми дал некакви материјали. Во присуство на жена му и помалото синче, одгледав избор кој го направил тој, снимки, аудио, визуелни, комбинирани, каде ми покажа со што располага и ми ги понуди да ги објавувам во Фокус. Не ми падна на памет, од таму излегов шокирана, добив моментална амнезија, рече новинарката.

За извесноста, веројатноста и можноста Верушевски и во 2001 и во 2006 и во 2015 да ги стекнува тие незаконски материјали говори и дава потврда и поранешниот директор на УБК Горан Митевски.
-Не е тајна дека Верушевски работеше подолг временски период во УБК и бил на високи, дури неколку пати бил директор на самата управа и неговите контакти односно луѓето од  внатре очигледно блискоста негова со нив му овозможила и тие луѓе биле се уште во истата управа на работа. Тоа сето му овозможува да дојде до тие информации без некој поголем проблем, односно самите тие луѓе работеле за него и му ги доставувале тие информации, рече Митевски.
 

Според соговорниците главна цел на најновото сценарио во кое учествува СДСМ и кое предизвика политичка криза е да се нанесе удар на државата како дел од чекорите за нејзино разнебитување, за кое покрај посочените интерес имаат и надворешни фактори кои во комуникацијата меѓу осомничените се ословуваат со поимот чадор. Заев и Јанева според Велиновска прифатиле да бидат соучесници во ова сценарио кое е на штета на Македонија.
-Лејки како Заев и Катица Јанева не ги праќаат ни на обука ни на тренинг. Тие имаат нефункционален мозок. Одлично служат за еднократна употреба. Не се ни свесни каде се, кои се, за што се ангажирани. Треба ли уште повеќе да кажувам? Така е избрана Катица Јанева, така е избран овој, вели Велиновска

Единствен политички фактор кој се спротивставува на најновото деструктивно сценарио, но кој и во континуитет се спротивставува на оваа политика за разнебитување на Македонија според Велиновска е Никола Груевски. Заради неговите цврсти позиции кои се на линија на државниот и националниот интерес и интересот на граѓаните, и заради спротивставувањето на деструкцијата Груевски е континуирано подложуван на притисоци и вештачки кризи.
-Он ги изневери, ги шокира, ги изненади, пошто е таков каков што е, затворен нели. Закопчан, никој не знае што му е во глава. Затоа се овие кризирања на година, година и пол. Затоа што човеков го спречува етапното разградување, го спречи, додаде Велиновска.
 

Велиновска додава дека откога државните органи ги разоткрија овие мрачни сценарија во кои учествуваат Заев и Верушевски, сега Катица Јанева треба да послужи за да ја скрие нивната вина.
-Ова е избрано за, како да ви кажам… за да го разводни „Пуч“, да го направи несериозна операција прислушкувањето. Никој да не се занимава со тоа и да не прашува кој го намести ова, кој е прислушкувачот, што биле целите. Значи буквално да се багателизира, вели Велиновска.
 

Овие позиции на соговорниците се последни од многуте анализи кои се појавуваат во јавноста и кои говорат за очигледна поврзаност и соработка на заев и катица јанева во спроведувањето на деструктивното сценарио чија цел е наштетување на Македонија.Првите двајца со организација и изведување на процесот на незаконско собирање и незаконско објавување на прислушкувани материјали, а обвинителката

Пронајдете не на следниве мрежи: