Жоровизам

Видовте каков е Груевски на карикатурата. На кого да му целиваме рака? Нему ли да му целиваме рака?Овие реченици, од неодамнешниот говор на новинарот Зоран Димитриевски Жоро за време на протестот на новинарите пред Владата, ми оставија особен впечаток.
Дали тоа значи дека тој е навикнат постојано некому да целива рака?
Димитровски своевремено беше шеф на кадрово во МПМ, работно место кое требаше да му биде само една преодна фаза на патот до позицијата главен уредник на весникот Дневник. Висока позиција за која го спремаа, но попусто. Не се оствари, поради заканите на Горан Михајловски и на Ерол Ризаов дека ќе поднесат оставки од своите функции во Вест, односно Утрински Весник, ако Димитровски стане главен уредник на Дневник. Двајцата, пак, заканите ги поткрепиле со ставот дека Жоро, е најгоемиот полтрон во Македонија и дека тие неможеле да работат во таков еден амбиент зачинет со таков човек.
Притисокот и заканите на Михајловски и Ризаов, сепак, вродија со плод и Жоро не застана на кормилото на Дневник.  Ама остана главен кадровик во МПМ, позиција од која правеше новинарски чистки и тоа по сопствен избор. Тој едноставно таму беше девојка за се’ и со таа улога толку многу се соживеа што ја играше со огромна посветеност. Некако себично и љубоморно ја чуваше, и целиот постојано беше во грч и страв најверојатно за да не му ја земе некој. А, конкуренцијата, пак, рака на срце му беше голема, посебно меѓу тип на луѓе како Михајловски и Ризаов. Секој целива рака во сопствен стил.
Е сега, една таква фигура, излегува на протест и зборува за слобода?! Работава излегува, „ко о чему, курва о поштењу“!
Многу интересен момент во неговиот говор е моментното негово освестување. Демек претходно бил во заблуда. Па, тој е општо познат по тоа дека се поставува полтронски и нема никаков проблем да истрча во првите борбени редови и тоа го прави со таква воинствена жестина, што на човека едноставно му е непријатно да го гледа отстрана и да се прашува колку ниско една индивидуа може да падне.
А, да не зборуваме за моментите кога инспирација црпеше од под работната маса, каде го сокриваше своето чоканче. На крајот, кога си заминал го оставил како наследство во фирмата. Во недостаток на човечки вредности, остана чоканчето.
Пред луѓето во МПМ некако и знаеше да праша нешто, да биде демек вклучен. Најверојатно да не ги исклучи баш сите функции на еден нормален човек, иако зборот не го употребуваше често. Но, со преминувањето во Нова Македонија и тоа го изгуби. Таму во моментите на обраќања кон него, стоел во подискривена позиција, нешто налик на актерот Лазе Бараков, кога глуми  келнер во македонските народни приказни и вели: „Заповедајте пријатели“!
Како ликови како Жоро, Бранко Героски и слични на нив може да се симбол на слободата?
Па, Зоран Димитровски ниту еднаш не се спротиставил на никого во својот живот. Напротив, бил најревносниот во сите задачи, без разлика од каде му доаѓале наредбите. Па тој полтронството го издигна на едно ниво на професионалност и совршенство. Човекот може слободно и предавањеа да држи на таа тема. Сигурен сум дека од Сорос ќе му обезбедат и средства за тоа.
Човекот одлично е познат што мустра е. Дури и меѓу неговите нови другари „слободари“, внесе раздор и караници. Едните го обичат, другите неможат да го сварат. Па се фатија за гуша довчерашните комради.
Тоа е… Жоровизам.
Дејан Николовски-НетпресОвие реченици, од неодамнешниот говор на новинарот Зоран Димитриевски Жоро за време на протестот на новинарите пред Владата, ми оставија особен впе

Пронајдете не на следниве мрежи: