По внесениот алкохол во организмот, мала количина на алкохол од стомакот влегува во крвта, додека најголем дел преминува во малото црево.
Пред да стигне до црниот дроб преку крвта, едниот дел ја пробива бариерата крв- мозок, што значи дека може да дојде до мозокот директно преку нашата циркулација. Во тој момент ќе забележиме промени во однесувањето и во начинот на размислување.
Алкохолот е депресив, но тоа не значи дека дека еден пијалок ќе не направи „психолошки“ депресивен. Алкохолот започнува хемиска реакција која го успорува централниот нервен систем кој е одговорен за интерпретација на знаци кои влијаат на сензорите на шега, размислување, заклучување и емоции.
Најпрво алкохолот го успорува нормалниот тек на неуротрансмитери во мозокот и тоа води до променлива состојба на функционирање.
Кога продолжуваме да пиеме стауваме покомуникативни уверени, а нашата способност за здраво-разумно расудување слабее.
Потоа делувањето на алкохолот се префрлува во лимбичкиот систем кој под контрола ги има нашите емоции, па во алкохолизирана состојба се под влијание на променливо расположение. Па придонесува до погрешно разбирање на немерите на другите луѓе, зголемени емоции или пак говорење работи кои се непристојни и поради кои подоцна се каеме.
Исто така лимбичкиот систем е задолжен за формирање на сеќавања, па доколку претерате со алкохолот може да не се сеќавате на ништо.
Нашите „пијани“ емоции често претставуваат посилна верзија на нашата трезна личност- доколку некој е генерално среќен, алкохолот ќе го направи „малку луд“, а доколку е склон кон инциденти природно, најдобро би било да се држи до безалкохолни пијалоци.По внесениот алкохол во организмот, мала количина на алкохол од стомакот влегува во крвта, додека најголем дел премину