Авокадото е овошје со голема количина на масти и многу калории. Имаат суптилен, а сепак кремаст вкус. Спаѓа во најпопуларните овошја, со оглед на тоа што има хранлива вредност слична на одредени јаткасти плодови и семиња. Дел од популарните имиња за овој плод низ различните краишта на светот се: алигаторска круша, агуакате, путереста круша, итн.- Авокадото, како и маслинките, е богато со мононезаситени масти и има висока калорична вредност. Од друга страна, многу е богато и со растителни влакна, витамини, минерали и преполно со разни растителни хранливи материи кои се благопријатни за здравјето.
– Кремастата пулпа е многу богат извор на мононезаситени масни киселини, како што се: олеичка киселина и палмитолеичка киселина; како и омега-6 полинезаситената масна киселина линолеичка киселина. Научните истражувања покажаа дека медитеранската исхрана која е богата со мононезаситени масни киселини помага во намалувањето на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта, но и во зголемување на корисниот ХДЛ холестерол, со што спречува појава на заболувања на срцевите артерии и мозочни удари, преку одржување на здраво ниво на липидите во крвта.
– Авокадото е многу добар извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама авокадо има 6,7 грама или околу 18 проценти од дневно препорачаната доза. Растителните влакна помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта и спречуваат констапација.
– Дополнително, авокадото, како и урмите, содржи голема концентрација на танин. Танинот е полифенолно соединение, кое долго време било сметано за антинутриентски агенс (супстанца што ја попречува нормалната апсорпција на хранливите материи), а денес се знае дека има корисни антивоспалителни, антиоксидантски и антиулкусни својства.
– Месото на авокадото содржи голем број корисни флавоноидни, полифенолни антиоксиданси, како што се: криптоаксантин, лутеин, зеаксантин, бета и алфа каротини, но во мали количини. Заедно, овие соединенија служат како заштита од оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат главна улога во процесот на стареење и развојот на повеќе болести.
– Исто така, авокадото содржи и солидна количина на витамини. Витаминот А, витаминот Е и витаминот К се особено концентрирани во кремастата пулпа.
– Авокадото е и одличен извор на минерали, како што се: железо, бакар, магнезиум и манган. Магнезиумот е есенцијален за зајакнување на коските, а игра и заштитна улога кога станува збор за кардиоваскуларното здравје. Манганот во телото се користи како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Железото и бакарот се неопходни за создавање на црвените крвни клетки.
– Свежото авокадо е многу богат извор на калиум. Во 100 грама овошје има 485 милиграми или околу 10 проценти од дневно препорачаната доза. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и одржувањето на нормалниот крвен притисок, преку поништување на негативните ефекти на натриумот.- Авокадото, како и маслинките, е богато со мононезаситени масти и има висока калорична вредност. Од друга страна, многу е богато и со растителни в



