Словенија. Држава, во која анкетите за јавно мнение секогаш одново и одново ја потврдуваат безусловната поддршка на владата, владеачката коалиција, владеачките политичари, се разбира ако се од левата провиненција. Анкети, кои за „независните“ медиуми ги спроведуваат „независните“ домашни агенции. И кои, скоро како по правило, за разлика од резултатите од излезните анкети, грешат во најавените изборни резултати. Затоа над анкетите секогаш лебди сомнеж, дека не го отсликуваат реалното јавно мнение, туку го создаваат јавното мнение.Теза: Анкетата на јавното мнение ја отсликува моменталната состојба на духот на јавноста и не може да ја предвиди иднината, односно изборните резултати. Дејство. А сепак, кога анкетата тик пред избори фаворизира една од партиите и потоа изборните резултати се поинакви, означува, дека објавената анкета или моќно влијаела на неопределените гласачи, па овие излегле на гласање, или веќе некои од определените гласачи, во анкетата фаворизираната партија ги убедила својот глас да го дадат на друга партија. Така словенечките анкети на јавното мнение по правило процентот на поддржувачи на десноцентралните партии, а пред сѐ на СДС, се зголемуваат сѐ до последната анкета пред избори, и со тоа на гласачите од едната страна сугерираат, дека десницата е „на победнички марш“, на тие пак од другата страна, дека “победата е блиску, па не е потребно да се излегува на гласање”. И потоа доаѓаат изборите, на кои што процентот на освоените гласови како по правило не се совпаѓаат со процентот прикажан на анкетите. Што всушност се случува? Последната анкета манипулира со гласачите? Мобилизација на неопределените и “неопределените”? Или само се повторува одново и одново случајноста?
Уште полошо е со скалата на популарност; во Словенија на прво место царува, автоматски, претседателот на државата. Второто место е резервирано за европскиот комесар/комесарка, од кога го имаме. Па левиот претседател на Влада. Без разлика дали на јавноста и се допаѓаат (или не и се допаѓаат) неговите потези, па нај препознатливите министри. Леви, секако. Тие до душа паѓаат и се качуваат по скалата, кога ќе се одкрие некоја афера, ама не за долго. Десните, исто така кога составуваат влада, не се популарни. И во опозиција не се. Тогаш како анкетите ја отсликуваат моменталната поддршка на политичарите како личности, кога имаат места кои традиционално ги заземаат?
Да погледнеме малку кај соседите. Хрватските анкети пред предвремените избори во 2015-та едногласно укажуваа на тоа дека ќе биде тесно и дека не можат да се предвидат победниците. Изборите ги потврдија нивните анализи и резултати. Се разбира, со должно отстапување од некој процент или два.
Во Македонија на пример, каде што се објавуваат исто така анкети на јавното мнение од американскиот републикански институт ИРИ и меѓународната агенција Галуп, споредбено резултатите од анкетите и изборните резултати покажува дека предизборните анкети веродостојно го прикажуваат исходот од изборите, односно вистинското мислење на граѓаните. И затоа на таквите објавени анкети им се верува. На пример, меѓународните институции ги објавија резултатите од последните анкети според кои владеачката ВМРО- ДПМНЕ има два пати поголем рејтинг од опозициската СДСМ, претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има три пати поголема поддршка од претседателот Зоран Заев лидерот на опозицијата. Читателот чита и врз база на искуството од претходните години, кога анкетите го отсликале изборниот резултат, верува и излегува на гласање. По своја волја. За едните или за другите. И изборните резултати како по правило уште еднаш ги потврдуваат резултатите од анкетите на јавното мнение.
Во Словенија пак читателот резултатите што ги чита од анкетите на домашните агенции го ставаат во заблуда, и го убедуваат да гласа поради “страв пред”, и оди на гласање. Гласа, изборните резултати повторно не се еднакви со анкетите. Circulus vitiosus.
Да го погледнеме уште еднаш конкретно споредувањето на два податока од македонска и словенечка анкета: во македонската ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат 33,3%, нејзиниот претседател Никола Груевски 32,3% од анкетираните. Партијата СДСМ 14,7%, нејзиниот претседател Зоран Заев 9,1%. Во Словенија според последните анкети партијата СДС има 14% поддршка од анкетираните, владеачката СМЦ 6,5%. Претседателот на СМЦ и премиер Церар се ниша помеѓу третото и седмото место на популарноста, СДС Јанез Јанша пак воопшто не е уврстен на скалата. Ја забележувате разликата? Како е можно, партијата да има најголема поддршка кај анкетираните, а нејзиниот претседател пак никој „не го сака”?
Каде е решението? Да се покани меѓународно призната агенција да анкетира? Или просто да почне да се разбира, дека кај нас анкетите се само оружје во рацете на позадината, која манипулира со гласачите?
Како да се занемарат? За почеток, додека изборните резултати не ги потврдат претхоните анкети, не треба да се дозволи да се биде заблуден. Просто, не им верувајте. Сѐ додека агенциите, домашни или странски (ако домашните воопшти ги пуштат во својата „градина“) не ја докажат својата непристрасност, веродостојност и релевантност.Теза: Анкетата на јавното мнение ја отсликува моменталната состојба на духот на јавноста и не може да ја предвиди иднината, односно изборните резул