Зошто Дачиќ не се сооочи и со други земји кои го признаа Косово?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на својот Фејсбук профил запраша зошто Дачиќ не се пресметува со други држави кои го признале Косово и пред Македонија, туку одлучува тоа да го прави само со нашата држава.
 Сите тие многу пред Македонија го признаа Косово, гласаа за негов прием во УНЕСКО, а некои од нив и лобираа кај други држави да го сторат истото, напиша тој на Фејсбук.
 
„Бидејќи Дачиќ стана љубител да дава изјави за Македонија еве и од мене неколку прашања:
Зошто вака не се пресметуваат како со Македонија со сите земји што го признаа Косово, како на пример Америка, Германија, Англија, традиционално пријателската Франција, Италија со која имаат заеднички седници на Влада, Холандија, Белгија, Шведска, Канада, Австралија, итн итн.. Сите тие многу пред Македонија го признаа Косово, гласаа за негов прием во УНЕСКО, а некои од нив и лобираа кај други држави да го сторат истото.
Еве Дачиќ нека одговори кој ја прашува Македонија зошто седи во УН, ОБСЕ и слични, зошто тој како МНР на Србија не ги прекине дипломатските односи со 134 земји во светот кои го признаа Косово, и зошто со сите овие земји Дачиќ има средби?
Зошто преговара со ЕУ за членство кога знае дека 80% од земјите на ЕУ го признаа Косово?
Зошто Дачиќ на некои меѓународни конференции со својот талент за пеење и хумор на свечените вечери го развеселува премиерот на Албанија Еди Рама, земја која се смета за матична држава на сите Албанци?
Зошто се труди да има добри и државни и пријателски односи со Меркел, со Оланд, Меи и нивните МНР, земји кои во првата група на земји го признаа Косово?
Зошто баш сега пред претседателските избори во Србија му текна да се конфронтира само со помалите држави во Европа како Македонија или Црна Гора, а не и со другите гореспоменати?
Дали Дачиќ се плаши истите негови изливи на шовинизам да ги изрази кон другите 134 земји и особено со најголемите сили?
Дачиќ може да најде и подостоинствен начин да им се претстави на српските граѓани како храбар патриот пред неговата кандидатура за Претседател на Србија.“Сите тие многу пред Македонија го признаа Косово, гласаа за негов прием во УНЕСКО, а некои од нив и лобираа кај други држави да го сторат истото, н

Пронајдете не на следниве мрежи: