Не толку одамна, чест и образ беа двата збора на кои најмногу се обрнуваше внимание. Постарите водеа сметка да бидат пример за помладите, им повторуваа колку е битно да се сочуваат честа и образот на семејството, а младите со стравопочит ги исполнуваа очекувањата.Некаде по пат заборавивме на прадедовската заклетва, а честа и образот ги исфрливме од речникот и од главата. Тогаш почнаа да ни се случуваат „проклетствата“ или „лошата среќа“, како што често сакаме да ги наречеме.
Од сите страни може да чуете „Зошто ми се случува ова мене? На никој ништо лошо не сум направил?“. Меѓутоа, не мора вие да направите нешто лошо, доволно е вашиот татко или дедо да направил грев, кој потоа ќе се „истури“ врз вас.
Преданијата велат дека грешките се пренесуваат на четврто, но дури и на седмо колено. Во книгата Витието на Библијата се зборува за тоа како Хамовиот син Ханан и неговото потомство биле проклети, бидејќи го носеле проклетството за гревот кој го направил Хам.
Проклетството не дошло од Бога, туку од таткото на Хам, Ное. Тој бил „човек праведен и непорочен на својот род“, кој имал три сина Сим, Хам и Јафет. Како што наредил Господ, сите со Ное се качиле на арката.
Кога потопот завршил, Ное и синовите излегле од арката и му принеле жртва на Бог, а овој ги благословил, ветувајќи дека водата веќе нема да служи за потоп и истребување на се живо. Како знак на тоа ветување, Бог го направил виножитото.
После потопот Ное почнал да ја работи земјата и посадил лозје. Кога лозјето пораснало, се напил од виното. Опиен се отскрил среде шатор, а Хам, гледајќи ја голотијата на татко му, истрчал да им каже на своите браќа во полето.
Сим и Јафет ја зеле наметката и без да го гледаат, го нангрнале својот татко и неговата голотија. Кога Ное се разбудил и дознал што му направил неговиот млад син, го проколнал неговиот род Ханан, да му биде слуга на слугите на неговите браќа.
Проклетството било упатено кон Хананците, затоа што самиот Хам бил благословен од Бога.
Така децата почнале да плаќаат за гревовите на своите татковци пред Бога. Но, во Библијата пишува „Јас им судам на сите по патиштата нивни“ и „Секој за свој грев ќе загине“, што значи дека пред Бог не постои грев кој се пренесува на децата.
Ако погледнеме кон последиците, дали постои поголема казна за човекот од тоа да го гледа неговото дете како пати, како неговото дете го отплаќа неговиот грев?
За да се избегне таа страшна казна, да ги вратиме во семејството зборовите чест и образ. Нашите деца нека знаат дека утре е најважно да ги зачуваат честта на својата фамилија и својот образ.
Само тоа може да ги спаси нашите внуци. А оние кои со себе го носат товарот од прадедовските клетви, нека се помолат за прошка од Бога и од себе нека го симнат вековното проклетство. Во верата е спасот.Некаде по пат заборавивме на прадедовската заклетва, а честа и образот ги исфрливме од речникот и од главата. Тогаш почнаа да ни се случуваат &bdqu