Со овој феномен се занимаваше порталот „allwomenstalk.com“ чија новинарка Ејприл Рос објасни зошто и таа самата е во брак со постар маж.Не е тајна дека младите жени и девојки се склони на врски со постари мажи. Имено, речиси и да нема жена која во еден период од животот барем еднаш не помислила сериозно како е да се биде во однос со поискусен партнер кој знае што сака во животот и како да го добие тоа.
-Знаат како да се однесуваат со жените. Не се работи само за пристојност и отворање на вратата од автомобилот. И овие особини се привлечни за многу жени, но главната причина е во спалната соба. Тие знаат како да ја задоволат жената.
-Постабилни се. И тоа на повеќе нивоа. Тие се постабилни во одржување на односите, во водење на финансиите, полесно се откажуваат од живеење во минатото, полесно простуваат, ментално се поцврсти и не се оптоваруваат со неважни работи.
-Имаат повеќе самопочит. И помалку се оптоваруваат со тоа што мислат другите. Постарите мажи ретко прават нешто само за да ги задоволат другите. Се однесуваат како што сакаат и сигурни се дека тоа е во ред. Полесно се впуштаат во интеракција со други луѓе, и не се оптоваруваат со тоа што мислат другите за нив.
-Позрели се. Секако, зрелоста не е поврзана со годините, но поверојатно е дека ќе ја пронајдете кај постарите мажи. Ако ги исклучиме оние кои на 50 години влегуваат во пубертет, мала е веројатноста дека мажот над 50 години ќе ве посрамоти со некоја глупава шега или ќе се натпреварува во пиење пиво и гласно подригнување.
-Учат од своите грешки. Младите мажи ги повторуваат грешките, а тоа го сфаќаат дури на постари години. Постарите мажи конечно научиле каде грешат, и заради тоа се повнимателни и промислени, а мудроста е прилично привлечна за жените.
-Знаат што сакаат. И тоа се однесува на спалната соба, но и на она што се случува надвор од неа. Неодлучните мажи не се секси. Одлучните се, и тоа е тоа. Не сакате да губите време со некој што ќе ве изведе, а потоа ќе ја потроши вечерта на размислување за тоа што би требале да правите и каде да одите.
-Мразат драматизирање. Постарите мажи немаат време за драма и не ја толерираат. Заради тоа девојките со постарите мажи стануваат вистински жени. Искуството покажува дека младите жени кои се со постари маж престануваат да го ценат дружењето со пријателката која постојано ги вовлекува во непотребни заплети.
-Изгледаат одлично. Оваа точка не треба да се објаснува дополнително. Погледнете околу себе.Не е тајна дека младите жени и девојки се склони на врски со постари мажи. Имено, речиси и да нема жена која во еден период од животот барем еднаш