Зошто добрите нешта се случуваат кога не ги очекуваме? ОВА Е ОБЈАСНУВАЊЕТО!

Дали сте забележале дека добрите нешта во животот се случуваат сосема неочекувано? Добрите нешта често се случуваат кога луѓето забораваат на потребата од стекнување на она што го посакуваат. Такво искуство доживувате кога сте окупирани со активности кои што не се поврзани со вашата цел.Можеби го местите креветот или го шетате кучето, кога одеднаш сфаќате како да решите некој проблем. Во тој момент може да ви делува чудно што одеднаш го знаете решението на проблемот со оглед на тоа што сте сконцентрирани на некоја друга задача, но на сличен начин писателите и уметниците често доаѓаат до своите најдобри идеи.
Кога имате работа со законот за привлечност, би требало да ја формулирате својата цел или намерата и да замислите како останатото му го препуштите на универзумот. Меѓутоа, ако продолжите и понатаму да мислите на својата цел и да се мачите за да дојде до нејзиното остварување, универзумот ќе ви прати уште повеќе можности за продолжување на маките.
Фокусирајте се на својата намера и предадете ја на вечната енергија на универзумот. Нема да бидете врзани за желбата; значи, автоматски ќе бидете во подобра положба за примање. Понекогаш ќе се фокусирате за привлекување на прекрасен однос, работа, пари или добро здравје, но често нешто ќе се попречи.
Ситуациите во кои изгледа како универзумот да не реагира на туѓите желби и покрај тоа што луѓето се обидуваат да ги привлечат посакуваните резултати, се јавуваат поради нивните мисли и создадената енергија. Ако очајувате во желбата да имате нешто, вие сте во состојба на потреба. Значи, наместо да станете успешни, вие сте во состојба на потреба.
Универзумот прима таква енергија и пристојно ви праќа уште повеќе од истата, бидејќи е програмиран да го достави вашиот примарен фокус. Добрите нешта се случуваат кога не ја доживувате енергијата на потребата.
Доколку сакате законот за привлечност да функционира, фокусирајте се на своите намери, но запомнете дека создадената енергија треба да ја отпуштите од себе. Кога ќе го направите тоа, добрите нешта ќе се појават во вашиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: