Зошто е добра сауната?

Многу пациенти, луѓе со висок крвен притисок, не се свесни дека постои сосема природен начин за борба против високиот крвен притисок.
 Редовното, барем 2 пати неделно одење во сауна на благи температури (од 45 – 60 степени), при влажност од околу 40%, овозоможува нормализирање на крвниот притисок, дури и без употреба на медикаменти, покажува истражувањето спроведено од страна на Dr. Hans-Joachim Winterfeld од реномираната универзитска болница Charité University во Берлин. Сауната е препорачлива дури и за луѓето со низок крвен притисок, на кои им се подобрува циркулацијата за само неколку недели.
Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, или само како место за уживање, сауната обезбедува и бројни други позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Честото користење на сауна влијае на намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен благодет од неа имаат луѓето со висок холестерол и диабетис. Сауната #spa го подобрува и квалитетот на сонот.
Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната. Во Македонија, денес речиси и не може да се замисли еден хотелски, или спортски центар без современ спа центар кој вклучува сауна, топла бања и масажа. Дури и хотел се избира според тоа каде овие дополнителни поволности се најдобри. Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.
Она што е најново во “СПА технологијата” на светско ниво, е преносниот генератор на сол (со кој добиваме т.н солена соба, бидејќи лесно може да се преместува во секој празен простор, постоечка сауна, соба за масажа и сл.). Овој иновативен генератор е особено корисен за луѓе со респираторни проблеми, како астма, бронхит, но и за оние со проблеми со спиење и депресија, бидејќи претставува своевидна замена за престој на море. Редовните инхалации го зајакнуваат имунолошкиот систем, правејќи не помалку подложни на алергии, проблеми со синуси, настинки, грип, ларингитис и др.
 
 
 Редовното, барем 2 пати неделно одење во сауна на благи температури (од 45 – 60 степени), при влажност од околу 40%, овозоможува нормализирањ

Пронајдете не на следниве мрежи: