Зошто е добро да се јадат јајца?!

Loading...

Многумина ќе кажат дека не треба да се јадат јајцата поради високиот холестерол, но некои најнови истражување покажуваат дека умерењето консумирање јајца не мора да има негативно влијание на вашето здравје.Кога веќе се во тек велигденските празници и имате многу јајца кои може да ги искористите во салати или како некое предјадење, дознајте 5 добри причини зошто да ги јадете:
1. Здрави се за трудниците
Ако јадете јајца повремено додека сте бремени, ќе имате убаво и здраво бебе. Јајцата се полни со холин, витамин Б кој е потребен за бебињата во развој, а особено за развој на мозокот. Холинот кај бебињата го намалува ризикот од ментални пореметувања, како и ризикот од Даунов синдром.
2. Спречува глад
Јајцата за појадок помагаат во текот на денот помалку да чувствувате глад. Високото ниво на протеин во нив им помага во создавањето на чувството на ситост, кое може да потрае и цел ден. Сакате да изгубите некој килограм , а не можете да ја прескокнете вечерата? Во текот на денот слободно изедете јајце, ќе ве засити, а нема да ве прејаде.
3. Ги зајакнува рефлексите
Тирозинот, амино киселините во јајцата, помагаат во зголемување на брзината на рефлексите. Научниците во текот на своите истражувања откриле дека тирозинот може да игра значајна улога во ситуации како возењето автомобил или велосипед. Во моментот кога треба брзо да изреагирате рефлексот може да ја направи разликата.

 
4. Го намалува ризикот од тумор
Антиоксидансите во јајцата може да ви помогнат во намалувањето на ризикот од тумор, но и од срцев удар.
5. Го намалуваат крвниот притисок
Протеинот од јајцата може да помогне во намалување на крвниот притисок, така што во организмот делува на ист начинкако и АЦЕ инхибиторите, некој вид на лек против високиот крвен притисок.
Јајцата може да ги додадете како редовен појадок. Направете неколку тврдо варени јајца и секогаш нека ви бидат при рака кога ќе почувстувате глад во текот на денот.Кога веќе се во тек велигденските празници и имате многу јајца кои може да ги искористите во салати или како некое предјадење, дознајте 5 добри при

loading...
Loading...