Зошто е добро понекогаш да „фаќате кривини“ на работа?

Објаснете му на вашиот шеф: Вие не ја избегнувате работа, туку собирате енергија за потоа да продолжите со полна пареа!
Земате си половина час време да погледнете што се случува на Фејсбук, оставете твит, насмевнете се со некој клип на YouTube или разговарајте со пријателите преку Skype. Значи, што е проблемот, или уште подобро – кој? Шефот. Нему не му се допаѓа што забушавате.
Решението за вас, кое треба да му го претставите на вашиот шеф, се новите истражувања на универзитетот во Торонто. Оваа студија покажала дека оние кои наводно биле мрзеливи, кога се чини дека не прават ништо, всушност ги пренасочуваат нивните напори од една задача на друга и така собираат свежа и креативна енергија. Истражувачите дури истакнале дека работодавците треба да размислат за ова како на знак за флексибилност кој е потребен во денешнината за брз прогрес.
Поентата е дека не треба да се ограничите само на една задача во даден момент, обидете се да работите на неколку различни проекти во текот на денот за да останете свежи и фокусирани на работата. Со други зборови, зачинете ја работата, за да се разбие монотонијата.
Ова може да ви помогне да развиете голем број на вештини кои ќе изгледаат одлично на вашето CV  и ќе ја подигнат вашата цена.Објаснете му на вашиот шеф: Вие не ја избегнувате работа, туку собирате енергија за потоа да продолжите со полна пареа

Пронајдете не на следниве мрежи: