Зошто е подобро да имате „тетка од Австралија“ одколку од Америка?!

Доколку животот беше сапуница, во годините на економска криза ќе се надевавме на расплет во кој парите ни паѓаат од небото…Доколку животот беше сапуница, во годините на економска криза ќе се надевавме на расплет во кој парите ни паѓаат од небото, а едно од најчестите сценарија кои ни одговараат во таквата приказна е „тетката од Америка“, која неочекувано остава еден куп пари во наследство…
Но, едно истражување покажува дека тоа сценарио е подобро доколку во него има една промена – тетката не е од Америка, туку од Австралија, бидејќи истражувањата покажале дека Австралијците оставаат повеќе пари во наследство.
Една од најголемите банки на светот со седиште во Лондон HSBC, го спровела истражувањето во кое учествувале 16.000 лица од 15 земји.

 
CNN пренесува дека истражувањето покажало дека Австралијците оставаат најмногу пари на идните генерации – во просек повеќе од половина милион американски долари, поточно 501.519 долари.
За разлика од нив „тетката од Америка“ не е толку дарежлива кога станува збор за наследството: Американците, вели истражувањето, се дури на шестото место во светот, а просечниот износ на пари кои ги оставаат на идните генерации е 177.000 долари.
Според износот на просечното наследство, светски вицешампион е Сингапур, со просечно наследство во износ од 371.000 долари. Следува Велика Британија (280.000 долари), Франција (220.000) и Тајван (190.000).Доколку животот беше сапуница, во годините на економска криза ќе се надевавме на расплет во кој парите ни паѓаат од небото, а едно од најчестите сц

Пронајдете не на следниве мрежи: