Зошто е важно да јадете урми?

Дознајте зошто треба да јадете барем седум урми дневно – тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето. Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.
Во минатото урмите се нарекувале и  „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.
Листовите од урмините палми се тестирани дека се погодни како био-монитори за одредување атмосферско загадување со тешки метали. Имено, во неколку различни студии, содржината на тешки метали на измиени и неизмиени листови од урмино стебло, од различни места, покажувале различен степен на загаденост а тоа се користи за одредување на количеството на тешки метали во атмосферата.
Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се почесто на пазарите може, покрај сувите, да се најдат и свежи плодови од ова овошје. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум.
Прочитајте повеќе за лековитите својства на najadise.mkОваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини

Пронајдете не на следниве мрежи: