Човековото тело без разлика на годишните времиња има постојана потреба соодветно да се хидрира.Но, како што времето заладува и ниските температури стануваат се почеста појава имаме потреба да конзумираме нешто што ќе не загрее и ќе направи да се чувствуваме комфорно во ладните зимски денови. Но, да бидеме реални, на листата на официјални зимски напивки тешко дека би можеле да ја ставиме чашата свежа и ладна вода. Можеби на прва водата нема да ни биде главната асоцијација како зимска омилена напивка но, постојат повеќе причини зошто во текот на периодот кој следува не треба да се откажете од неа.
Температурите надвор постепено паѓаат и логично е себе си се почесто да се најдеме како седиме покрај греалка или некое слично грејно тело прекриени со повеќеслојна облека. Средината со вештачка топлина може да предизвика дехидратација на кожата и телото. Па правилото за пиење до осум чаши вода на ден ви помага да ги оддржите во баланс течностите во вашето тело и уште еден многу важен бенефит е одржувањето на младешкиот изглед на кожата.
Две третини од нашето тело е сочинето од вода, и за време на различни дневни активности и биолошки процеси кои ги обавува телото, ги користиме овие резерви како што е јадењето, дишењето, движењето и др. Нашата физичка активности, иако во помал обем во однос на летниот период, продолжува за време на зимските денови, многу е важно да ги обезбедите неопходните количества на вода исто како што го правиме тоа во летниот период.
Како заклучок не дозволувајте ладното време да ве измами и да го елиминирате редовното пиење на вода. Таа е клучна компонента која го поддржува нашето физичко функционирање и го поттикнува чувството за свежина и виталност во текот на целата година. Во прилог ви предлагаме уште неколку совети во врска со внесувањето на течностите во текот на зимскиот период:
1. Пиењето вода го регулира балансот на телесните течности. Вашето тело е сочинето од 60% вода. Функцијата на овие телесни течности ја вклучуваат дигестијата, абсорбцијата, циркулацијата, создавањето на плунката, транспортацијата на хранливите материи и задржувањето на телесната температура.
Кога вашето тело има недостаток на течности , мозокот го активира телесниот механизам за жед. Затоа послушајте си го организмот и дозволете си чаша вода, сок, млеко или кафе-било што освен алкохол бидејќи тој ја попречува комуникацијата на мозокот со бубрезите и создава дополнително ослободување од течностите што може да доведе до дехидратација.
2. Водата може да ви помогне да ги контролирате калориите. Со години како главен тренд во процесот на слабеење се наметнува пиењето на водата како главен сојузник во губењето на килограмите. Но, мора да направиме дистинкција во нејзината делотворна моќ, односно да бидеме свесни дека нејзините магични моќи се состојат во тоа што таа претставува одлична замена за високо калоричните напитоци. Па така наместо да изедете полн оброк или чаша сок водата може да го растерети вашиот организам од внесот на непотребните и вишок калории.
Храната која содржи поголемо количество на вода изгледа побогато, а нејзиниот поголем волумен ве тера повеќе да џвакате и се абсорбира побавно во телото со што вам ви помага да се чувствувате најадено. Храната која е богата со вода ги вклучува овошјето, зелнчукот, супите овесните каши и гравот.
3. Водата и помага на вашата кожа да изгледа убаво
Вашата кожа содржи многу вода и има функција на заштитна бариера. Но не очекувајте хидратацијата да ги избрише брчките на вашето лице. Дехидратацијата прави вашата кожа да изгледа суво и збрчкано, што може да се коригира со соодветна хидратација. Па веднаш чим го направите тоа вашите бубрези ја превземаат улогата и се ослободуваат од вишокот течности.
Се разбира хидратацијата на кожата можете да ја постигнете и со козметика која помага да се создаде физичка бариера и ја задржува течноста.
5. Совети за како да пиете повеќе вода
Доколку сметате дека не примате доволно количество на течности ви предлагаме неколку совети како да го покачите нивото на внесени течности и да уживате во придобивките од редовното консумирање на вода.
Пијте вода за време на секој оброк или ужинка.
Одлучете се за пијалоци чиишто вкус ви се допаѓа, но сепак внимавајте тоа да биде незасладен чај, природен сок или најдобро вода.
Јадете повеќе овошје и зеленчук. Тие содржат високо ниво на вода кое помага во хидратацијата на вашето тело. Околку 20% од течностите кои ги примаме доаѓаат токму од храната
И како за крај држете го шишето со вода во вашата кола, на работната маса или во чантата, секогаш блиску до вас.Но, како што времето заладува и ниските температури стануваат се почеста појава имаме потреба да конзумираме нешто што ќе не загрее и ќе