Зошто е здраво да јадете сончоглед?

Семките од сончоглед се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледовите семки се богати со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина.Кога поубаво ќе размислите сончогледот не е само занимација, тој прави многу за нас додека го јадеме.
Ова се неколку причини кои ќе ве натераат веднаш да почнете со грицкање.
Здрави коски
Сончогледот е полн со магнезиум кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Јадењето на семки од сончоглед ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богати се и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.
Метаболизам
Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед.

 
Кожа
Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.
Холестерол
Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.
За побрзо варење на храната
Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.
Здравје
Сончогледот содржи и витамин Ц и антиоксиданси, кои се моќни борци против слободните радикали. Се смета дека сончогледот може да ја спречи и настинката.Кога поубаво ќе размислите сончогледот не е само занимација, тој прави многу за нас додека го јадеме.
Ова се неколку причини кои ќе ве нате

Пронајдете не на следниве мрежи: