Зошто есента е вистинското време за секс?!

Со пристигнувањето на студените месеци, голем број од луѓето влегуваат во врски, се зголемува бројот на сперматозоиди и сексуалната желба, а либидото може дополнително да потсетува на мирисот на плодовите во есента и тиквите.Во есента износот на машкиот хормон тестостерон е највисоко, а либидото расте, потврдуваат голем број американски истражувања. Научниците веруваат дека тоа е последица од еволуцискиот инстинкт за парење, а го предизвикува недостатокот на дневна светлина  и зголемувањето на социјални активности.
Момчињата им се најатрактивни на девојките во есен
Освен кај момчињата што нивото на тестостерон во есен расте, девојките добиваат природни облини. Половината (струкот) во овој период е најширока, покажале истражувањата на Канадскиот Универзитет. Сепак во есен, момчињата им се најпривлечни на девојките. Освен тоа во студените месеци, девојките се повеќе облечени и ги сокриваат повеќето делови од телото, за разлика од летниот период. Па тогаш и критериумите на момчињата се менуваат, при што значително влијаат хормоните.

Тиквата го подига машкото либидо
Есенските плодови, посебно тиквите, го зајакнуваат машкото либидо. Тие го зголемуваат протокот на крв во машкиот полов орган за 20 отсто, додека во комбинација со лаванда, протокот е за уште 20 отсто поголем, покажуваат американските истражувања.
Есента е создадена за милување
Чувството на студенило во мозокот, активира копнеж за топлина, па и момчињата во есен сакаат повеќе милување, отколку во лето, утврдиле на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг. Допирите на топло тело, слично како држење топла шолја чај во рака, буди чувства на емоционална топлина, великодушност и грижа.
Во есен најголем број од луѓето влегуваат во врски
Во лето најчесто се раскинувањата, разводите, за разлика од било кој друг период во годината. Но затоа најголем број на луѓе влегуваат во љубовни врски или се свршуваат токму во овој период од годината, потврдила двегодишната американска анализа на профилите на фејсбук. Во лето повеќе се флертува, а доаѓањето на студените месеци, ги предизвикува луѓето за влегување во сериозна врска.
Квалитетот на спермата е подобар во студените месеци, отколку во летните
Есента е најплодниот период, посебно месец ноември и декември, затоа и не не чуди што најголемиот број на деца се раѓаат во август и септември. Бројот на сперматозоиди од август до октомври е најнизок во годината, но во студените месеци неконтролирано расте и го достигнува врвот. Експертите се согласуваат дека квалитетот на спермата е подобар отколку во топлите денови.Во есента износот на машкиот хормон тестостерон е највисоко, а либидото расте, потврдуваат голем број американски истр

Пронајдете не на следниве мрежи: