Facebook веќе подолго време купува разни сервиси и социјални мрежи, но место нивна интеграција во една мрежа, компанијата ги раздвојува и сопствените сервиси како News feed и Messenger.Таквиот потег можеби не им се допаѓа на корисниците, но причината е едноставна – обезбедување на опстанок во случај да тргне нешто погрешно. Тоа го изјавуваат аналитичарите за Huffington post.
„Замислете во иднина корисниците да изгубат интерес за News Feed. Компанијата не сака луѓето да престанат да го користат Messenger само затоа што престанале да го посетуваат News feed. Тоа е ризикот кога се е во еден пакет“ – вели Нејт Елиот, потпретседател и главен аналитичар на истражувачката куќа Foreseter. Тие нагласуваат дека ова е многу важна стратегија, можеби и клучна за понатамошниот развој на компанијата.
Тимоти Стеновец објаснува дека во Facebook веќе подолго време сугерираат дека правецот е зацртан. Во едно интервју за New York Times, Закерберг потенцираше дека посебно во мобилниот сектор, ситуацијата се повеќе ќе биде ориентирана на изработка на првокласни искуства со само една цел. Апликацијата е јасна демонстрација на нешто такво, иако на корисниците не им се допаѓа наложувањето да користат повеќе апликации за она што во основа е еден сервис.
Извор:gsm.mkТаквиот потег можеби не им се допаѓа на корисниците, но причината е едноставна – обезбедување на опстанок во случај да тргне нешто погрешно. Т