Зошто гардеробата не смееме да ја сушиме на радијатори

Ладното време и ниските температури не приморуваат да ги држиме затворени вратите и прозорите, а температурата топла и пријатна. За жал и сушењето на гардеробата мора да се одвива во овие услови, но истражувачите предупредуваат зошто треба да го избегнуваме тоа.Шкотски истражувачи од  Ахритектонскиот факултет во Шкотска установиле дека многу домови имаат премногу влага, а токму сушењето алишта во становите е одговорно за 30 проценти од таа влага.
Три четвртини од испитаните домови имале влага и зголемена концентрација на мувла. Секако дека ваквиот воздух може да предизвика појава на асма и слични алергии, поготово кај децата.
Вкупно 87 проценти од домовите во Глазгов, каде била спроведена студијата, ја сушат гардеробата во  домовите на ладно време, од кои две третини од нив на радијатори. Тоа ја зголемува количината на влагата, а подоцна  доаѓа и до проблеми со дишните патишта.
„Луѓето гледаат што е можно повеќе да ги искористат радијаторите и останатите грејни тела зиме, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување  во тие ладни денови“, објаснил Колин Портеус, предводник на студијата.
Неговиот  тим пронашол решение  во воведување на заеднички простории за сушење алишта во зградите за да се ублажи овој проблем .
Истражувачите предупредиле дека  доколку често вдишувате неквалитетен воздух може да доведе до воспаление на алергиски реакции, поготово асма. Симптомите за инфекција на дишните органи од загаден воздух вклучуваат кашлање, иритација на очите, грлото и кожата.Шкотски истражувачи од  Ахритектонскиот факултет во Шкотска установиле дека многу домови имаат премногу влага, а токму сушењето алишта во стан

Пронајдете не на следниве мрежи: