Зошто го сакаме „ПЕТОК“?

Тој е единствениот ден во неделата кога слободно ги игнорираме сите совети и се впуштаме во неколку лоши навики.
Најверојатно не постои човек на планетата кој не го сака ПЕТОК.Особено петок после пополаднето кога сите завршуваме со работната недела. Вистина е дека во четврток навечер веќе се чувствуваме како ни се приближува викендот.
Еве зошто сите го сакаме Петок…
Во петок наутро воопшто не ни е тешко да станеме
Кога ќе заѕвони будилникот ние веднаш стануваме без одложување, покривање со јорганот преку глава и слично, а тоа е само поради помислата дека денес ни е последниот работен ден од неделата.
На пладне веќе привршуваме со работа
До дванаесет часот веќе два пати сме излегле на пауза, зборувањето со колегите станува се погласно, се помалку се разговара за работата, а се повеќе за приватниот живот и плановите за викендот.
– Во два попладне на Интернет гледаме приватни работи- што воедно значи дека не работиме!
– Од работа излегуваме точно на време „под изговор“ дека морате да се видите со пријателите.
А тие пак, секако ве очекуваат во вашиот омилен кафич бидејќи е време за трач партија. Тоа е едно „кафе на брзина“ кое сигурно ќе се одложи касно до вечерта.

Петок навечер
Вистина е дека петокот највеќе го сакаме поради вечерните саати. Многумина тоа време го користат за ноќните излегувања и лудувања до зорите, бидејќи имаат два дена да се стабилизираат после тоа.
Други пак петокот го користат гледајќи ги своите омилени филмови и серии во друштво на голема количина на пуканки и чоколади, бидејќи калориите „не се рачунаат“ во петок навечер.
Викендот е пред нас
Она поради кое петокот го сакаме најмногу е поради викендот кој е пред нас. Тоа се два слободни денови кои поминуваат за миг, но никој и ништо не може да ги замени!
За време на тие два дена не размислуваме за работата, за раното станување, за гужвата, за превозот… Тие два дека се посветени само на уживање!
Истражувачите откриле дека петокот е единствениот ден кога чувстуваме дека можеме да ги игнорираме сите „добри совети“ и да се впуштиме во неколку „лоши навики“.Особено петок после пополаднето кога сите завршуваме со работната недела. Вистина е дека во четврток навечер веќе се чувствуваме како ни се приближ

Пронајдете не на следниве мрежи: