Зошто истегнувањето на мускулите е лошо пред секој тренинг?

Едиствената работа што не треба да ја правите во слична ситуација, а што повеќето луѓе ја прават, е истегнувањето. Па тогаш, зошто истегнувањето пред тренинг е лоша идеја? Еве ги причините: 1. Истегнувањето не е исто како и загревањето
Ова е веројатно најголемото недоразбирање кога се работи за подготовка на вашето тело за тренинг. Нужно е да знаете да ги разликувате овие две навики.
 2. Истегнувањето не го подготвува вашето тело за вежбање
Истегнувањето всушност ги намалува срцевите отчукувања и него стимулира вашиот нервен систем за висок интезитет на тренинг. Една студија објавена во списанието „The Journal of Strength and Conditioning Research“ покажа дека истегнувањето пред да кревате тежини, може да ве направи послаби и помалку координирани за време на вашиот тренинг.
3. Ако се истегнувате сами, можете да го зголемите ризикот од повреда
Според истражување на „Clinical Journal of Sports Medicine“, истегнувањето не го подготвува вашите мускули за ексцентрично преоптоварување(негативни повторувања).
4. Истегнувањето не ве спречува од повреди
Идејата дека истегнувањето спречува од повреди се бабини деветини, кои датираат од времето кога физичкото образование било воведено во училиштата. Едноставно кажано, не постои истражување кое ќе покаже дека истегнувањето помага во спречување од повреди.

5. Од истегнувањето би можело да ви се приспие
Пасивното и статично истегнување има смирувачки ефект, кој може да ве приспие, што не претставува баш расположението кое ви треба пред тренинг.
Наместо тоа, подобро е да го загреете вашето тело со неколку вежби:
– 5-10 минути аеробички активности (џогирање, возење велосипед)
– 5 минути динамично истегнување (склекови, стомачни вежби и др.)
– 5 минути психичка подготовка
Ова се нештата кои ќе ви помогнат пред и за време на вашиот тренинг и кои ќе ве заштитат од повреди:
– Земете малку јаглехидрати
– Тренирајте напорно, но паметно
– Исхраната во рамките на тренингот е многу важно1. Истегнувањето не е исто како и загревањето
Ова е веројатно најголемото недоразбирање кога се работи за подготовка на вашето тело за трен

Пронајдете не на следниве мрежи: