Со тажните звуци на песната „Bela Cao“ Јованка Броз замина во својот вечен дом!„Bela cao“ е песна на италијанските партизани од времето на Втората светска војна, па изборот на Јованка Броз, која важеше за еден од најхрабрите партизани, не е воопшто необичен.
Песната настанала во60-тите години на минатиот век, во времето кога Јованка имала неполни 40 години, а нејзиниот автор до ден денес остана непознат. Ја пееле сите анархистички, комунистички и социјалистички борци.
Меѓутоа, идеолошката порака на песната, не е единствено нешто, поради кое Јованка Броз, непосредно пред нејзината смрт, посака токму со оваа песна да ја испратат во вечниот дом. „Bela cao“ практично била „химна“ на партизаните, но ширум светот се прослави како симбол на борбата против неправда или како што многумина ја опишале како „песна на слободниот дух, желба за севкупна слобода.“
Јованка сите тие права ги изгуби по смртта на Тито, кога целиот нејзин имот беше национализиран и кога ја ставија во куќен притвор. Оставена била да живее во стара и запуштена куќа на Дедиње, во која кровот прокиснувал, а греење никогаш не ни имало. Омаловажувањето на првата дама на СФРЈ отишло дотаму што личната карта и пасош ги добила после 30 години чекање.
Јованка Броз до крајот остана горда и пркосна дама. За својата мачна борба низ животот не сакала да збори ни во последните денови. Ја одбрала песната „Довидување убава“ твојата борба е завршена.„Bela cao“ е песна на италијанските партизани од времето на Втората светска војна, па изборот на Јованка Броз, која важеше за еден од н