Зошто кашлицата трае подолго од настинката?

Респираторните инфекции, што во ова време од годината се во полн ек, освен зголемената телесна тежина, течење на носот и болки во мускулите, придружени се и со кашлање.И додека сите други симптоми исчезнуваат за десетина дена, кашлањето може да трае и месец дена по прележаната настинка.
„На кашлањето мора да се гледа како на одбранбен механизам на респираторниот тракт и не треба да се спречува по секоја цена во акутните инфекции, освен ако сериозно не го нарушува квалитетот на животот. Сепак, пациентот би требало да се јави кај пулмолог ако кашлицата трае подолго од месец дена, без разлика дали е сува или продуктивна. Ова особено важи, ако е пратена со слабо покачена температура, малаксаност, трагови од свежа крв во плунката и болки во градниот кош“, изјавува Дејан Жујовиќ, пулмолог од Заводот за болести на белите дробови и туберкулоза во Белград.
Кашлањето кај акутниот бронхитис најчесто трае од 7 до 10 дена, но кај четвртина од пациентите може да биде присутно и подолго.
„Употребата на антибиотици кај акутниот бронхитис најчесто нема никаква поента, но тие најчесто се препишуваат баш во вакви случаи. Бидејќи, ако пациентот во акутната инфекција искашлува обилна содржина, тоа не значи дека се работи за бактерија“, објаснува др. Жујовиќ.
За да се преболи на најлесен начин, за санирање на кашлицата се препорачува престанување со пушењето и внесување на поголема количина течности.
„Пациентите кои се пушачи можат да очекуваат дека кашлицата подолго ќе ги мачи по настинката, отколку непушачите“, објаснува др. Жујовиќ.
„Затоа, секој пушач постар од 40 години кој забележува дека секоја настинка „брзо му се спушта на белите дробови“, дека кашла долго време и наутро искаплува, дека има епизоди на недостаток на здив, треба да се јави на пулмолог“.
Кај пациентите постари од 65 години секоја настинка, па и кашлица може да доведе до сериозни компликации.
„За да спречиме поголеми компликации најдобра превенција е вакцинацијата против грип и запаление на белите дробови со пнеумококна вакцина. Ова е многу важна превенција за оние кои боледуваат од астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, но и други хронични болести“, вели др. Дејан Жујовиќ.И додека сите други симптоми исчезнуваат за десетина дена, кашлањето може да трае и месец дена по прележаната настинка.
„На кашлањето

Пронајдете не на следниве мрежи: