Зошто ќерката е единствена за таткото?

Вистинска приказна која ќе ви ги насолзи очите…Првиот ден од бракот, младиот брачен пар одлучиле да не примаат гости во својот дом, односно никому да не ја отвораат вратата. Тој ден, во посета дошле родителите на мажот, ѕвонеле неколку пати и стоеле пред вратата чекајќи да им отворат.
Мажот и жената само се погледнале. Тој посакал да им отвори вратана своите родители, но бидејќи имале договор – не го направил тоа. Родителите си заминале мислејќи дека дома немало никој.
Неколку часа подоцна на вратата заѕвониле и родителите на жената. Повторно се погледнале и помислиле на договорот кој го имале. Но, наеднаш жената започнала да плаче и низ солзи му рекла на сопругот: „Јас не можам да им го направам ова на моите родители… едноставно, не можам“ и им ја отворила вратата. Мажот ништо не и договорил, само стоел и молчел.
Годините минувале, а тие добиле три сина. Четвртото дете – било девојче.
Кога мајката на свет ја донела ќеркичката, таткото организирал голема, незаборавна веселба која траела три дена и три ноќи.
По три дена, неговата жена зачудено го запрашала зошто толкава веселба за нивното четврто дете, а за ниту една слична за претходните три.
Гордиот татко едноставно и одговорил: „Затоа што само таа ќе ми ја отвори вратата, дури и кога нема да смее…“Првиот ден од бракот, младиот брачен пар одлучиле да не примаат гости во својот дом, односно никому да не ја отвораат вратата. Тој ден, во посета д

Пронајдете не на следниве мрежи: