Зошто ѝ купив гаќички на љубовницата на својот сопруг!

Стејси Фримен е блогерка на сајтот  DivorcedMoms.com која најчесто пишува за развод, за самохрани родители и за запознавање нови луѓе. Сега, три години по разводот, пишувала за тоа како се нашла во ситуација да купува гаќички за љубовницата на својот сопруг.„Можам ли да ви помогнам? – ме праша со насмевка продавачката во „Викторија Сикрет“.
Да- одговорив, со погледнав во огледалото, а потоа повторно се соочив  со нејзиниот поглед велејќи си дека го можам тоа.
Ми треба долна облека- одговорив механички.
 Беше очигледно дека ми е непријатно. Никогаш претходно не сум морала да направам нешто толку  ласцивно.
Сакате ли нешто посебно?- ме праша, веројатно мислејќи дека планирам романтична вечера со партнерот.
Но не беше така.
Да, ми треба црвена долна облека со црна чипка- ѝ одговорив.
Таа веднаш знаеше што да ми покаже. Дали неодамна такво нешто  продала уште на некој друг. Не ги купував за себе. Ги купував за друг. И знаев која големина  носи.
Мојот сопруг често оди на патувања. Јас тоа го нарекувам деловен пат, но всушност тоа е географска оддалеченост помеѓу нас- тој работи на една страна од светот, јас живеам на друга.
Нашиот брак без сомнеж беше во криза. Ние самите се согласивме на такво нешто.
Кога ќе дојде дома, никогаш не ро распакува куферот, секогаш се стои во него спакувано како што го донел.
За време на својата последна посета, онаа која стави точка на нашиот брак, поминав покрај отворениот куфер и се изнервирав зошто барем не го ставил во плакарот.

Пред да дојде, ми најави дека сака да стави крај на нашиот брак и одрече дека запознал некоја друга. Одлучив да му верувам, бидејќи немав причина зошто да не му врувам.
Не знам што ме наведе  да ѕирнам во неговиот куфер. Помеѓу работите најдов цвени гаќички со црна чипка, кои дефинитивно не беа купени за мене.
Веднаш сакав да се одмаздам, па земав ножици и ја исецкав таа одвратна ткаенина, а потоа повторно ја замотав во хартијата и ја вратив во куферот. Со задоволство ја замислував љубовницата  на својот сопруг како возбудено го отвора подарокот и сфаќа дека е уништен.

Следниот ден признав што направив, сосема мирно ми рече дека секако ќе ѝ купи други.
Но сакав да го сторам тоа сама.
Сигурно се прашувате зошто?
Многу години живеев со човек кој не ме ценеше. И цело време прифаќав помалку од она што заслужувам – помалку внимание, почит, љубов. Во моментот кога сфатив дека ме изневерува, конечно ја совладав лекцијата на која сопругот ме учел цело време.
Поминаа повеќе од три години откао купив ги купив црвените гаќички со црна чипка. На луѓето им ја раскажав оваа приказна безброј пати и исто толку пати ми се зачудија.
Неколку дена по купувањето ангажирав адвокат. Иако сопругот по три месеци се обидуваше да ги поправи односите, јас бев сигурна дека не го сакам тоа.
Исецканите гаќички се уште ги чувам во фиока како потсетник  дека слабоста може  да биде извор на сила и оттогаш ја заскав црвената боја и секси облеката“.„Можам ли да ви помогнам? – ме праша со насмевка продавачката во „Викторија Сикрет“.
Да- одговорив, со погледнав во

Пронајдете не на следниве мрежи: