ЗОШТО ЉУБОВТА ПОНЕКОГАШ БОЛИ?

Љубовта е мистериозна и понекогаш е тешко да ја разбереме, но ние ќе се обидеме…
 Иако возвратената љубов се вбројува во добрата и над се, позитивните чувства, неразделно е поврзана со повремените незгодни ситуации кои честопати сеповрзуваат со терминот “љубовна болка,,. Но, зошто љубовта понекогаш така боли?
 За разлика од чувството на заљубеност кое е втемелено на психолошкиот механизам на идеализација, чувството на љубов е втемелен во механизмот на емоционалната поврзаност. Формулата на емоционалната поврзаност од една личност на друга е взаемна: чувството на пријатност во присуство на друг, чувството на неудобност во отсуство на саканата личност. Кога би чувствувале само удобност во присуство на саканата особа, а во нејзино отсуство би биле рамнодушни, тогаш не би имале мотив да го бараме нејзиното друштво. Да би била цврста, емоционалната врска е и негативно проследена и тоа во облик на неудобност кога сме одделени од својот партнер. Всушност тоа чувство на болка мотивира да ја побараме саканата особа за да уживаме во нејзиното присуство.
 Кога некого сакаме, таа личност станува дел од нашиот свет, нашата друга половина. Последица од тоа е доколку таа особа не е покрај нас, ние мислиме на неа, се грижиме, се запрашуваме што прави и како и е. Тогаш чувствуваме колку нам ни недостига.

 Кога љубовта е возвратена, секогаш постои можност таа љубов да исчезне или да биде изгубена. Тоа понекогаш може да биде и темел за љубомора поради која првенствено трпи тој кој е љубоморен.
 Кога еден од партнерите ќе умре или ќе одлучи да ја раскине врската или бракот, се појавува чувство на тага, болка која е невозможно да се избегне кога некого сакаме. Замислете свет во кој тагата не би постоела? Каква љубов би била таа кога партнерот рамнодушно би ја прифатил таа информација дека другата половина ја остава или пак умира.
 Психолошката функција на тагата е во емоционалниот развој на личноста која сеуште го сака оној кој повеќе го нема или кој заминал. Емоционалното поврзување е длабок процес и развитокот мора да е длабок и подеднакво значаен. Тоа е причината за тагата и расположението кое во својата интензивна фаза трае 6 недели.
 Сите тие непријатни чувства спаѓаат во онаа врста љубовни болки кои природно идат со љубовните врски, така да можеме да ги сметаме за нужни. За жал, луѓето се многу креативни во придавањето на непотребни љубовни болки со своите бројни ирационални убедувања како: ,,Ако не ме сака повеќе, мојот живот нема смисла” и слично.
 Животот е полн со чувства, период и процес кое влијае на времето, а ние сме тие да ги прифатиме како дел од својот живот – оние добрите, како и оние лошите.Иако возвратената љубов се вбројува во добрата и над се, позитивните чувства, неразделно е поврзана со повремените незгодни ситуации кои честопати

Пронајдете не на следниве мрежи: