Зошто луѓето изневеруваат? Постојат многу одговори, но доста е покомплицирано кога врската во која прељубниците се одлучуваат на овој чекор е среќна.Терапевтот за парови Естер Перел, открила пет причини поради кои и најсреќните парови се соочуваат со изневерување.
1. Прељубата денес е посложен поим
Како да се дефинира прељуба во 2016 година? Дали тоа е испраќање на двосмислени и флертувачки пораки? Гледање порнографија? Регистрација на страница за онлајн запознавање? Прељубата денес има многу значења, а партнерите имаат различни дефиниции за тоа. Меѓутоа, прељубата секогаш почнува во главата.
„Престапот се случува тогаш кога некој друг однос ќе стане многу интензивен и без самиот чин на секс. За љубовта е одговорна нашата фантазија, а не друга личност“ – вели Естер Перел.
2. Технологијата ја олеснува прељубата
Интернетот овозможува некоја личност емоцинално да го изневери партнерот, па дури и сексуално со некој што живее во друга земја, па дури и на друг континент.
„Практично можете да го изневерите партнерот додека лежите покрај него во кревет. Во денешно време не морате ни да излезете од дома за да го изневерите и тоа ги брише границите кои би постоеле за да бидете интимни со друга личност. Не морате никогаш ни да ја допрете таа личност, но бакнежот што го замислувате може да има еднаква сила како и реалниот физички контакт“ – вели Перел.
3. Потребата за сигурност и потребата за возбуда не се во баланс
Перел вели дека секој човек има две основни потреби: потреба за потпора и стабилност, потреба за авантура и мистерија. Кога луѓето се во врска, од една личност бараме истовремено да ги задоволи двете потреби.
„Овој предизвик ја сочинува сржта зошто е толку тешко да се одржи страста во долга врска, бидејќи е потребно да се задоволат овие две потреби кои генерално не одат заедно“ – открива Перел.
4. Оние што изневеруваат сакаат да се сменат себеси, а не своите партнери
Перел открива и дека поголем дел од нејзините клиенти коишто со биле неверни со години, биле моногамни пред да ја преминат границата која никогаш не мислеле дека ќе ја поминат. И тоа не се случило поради нешто што го сторил нивниот партнер, туку поради потребата за психолошка промена.
„Прељубата не се случува затоа што бараме некоја друга личност, туку затоа што бараме нова верзија од себе. Во многу случаи лицето коешто изневерува не сака да го остави партнернот, туку зад себе сака да ја остави личноста во која се претворила“ – објаснува Перел.
5. Сакаат да се чувствуваат живи
Прељубата нема врска само со секс или љубов.
„Луѓето низ светот велат дека тогаш се чувствувале живи“ – вели Перел.
Возбудата поради помислата дека партнерот нема да открие прељуба, личноста која изневерува ја прави повнимателна, будна и поангажирана. Тоа чувство може да биде неодоливо. Затоа Перел истакнува дека е круцијално тоа чувство на живост да се одржува во врската и не само во спалната соба.
Размислете за тоа што ве возбудува, ве полни со енергија, ве прави среќни и живи – и погрижете се вие и вашиот партнер да го добивате тоа во најголеми можни количини.Терапевтот за парови Естер Перел, открила пет причини поради кои и најсреќните парови се соочуваат со изневерување.
1. Прељубата де