Зошто мажите често ја поврзуваат женската љубезност со флерт?!

Секоја жена барем еднаш се нашла во ситуација да биде љубезна и потполно неромантична кон некој маж, но тој веднаш тргнува во акција и отворено флертува обидувајќи се да ја покани да излезат на љубовен состанок.Повеќето мажи секој знак за наклоност добиен од страна на спротивниот пол го третираат како флерт, вклучувајќи ја и најобичната љубезност.
Со тек на еволуцијата, освен поголем мозок и поубав изглед, мажите добија и некои проблеми. На пример, секој женски знак на внимание го доживуваат сексуално за да не им избега шансата за репродукција, велат експертите за врска.
Дури 90 отсто од жените се нашле во ситуација да бидат љубезни, а таквото нивно однесување да биде протолкувано како обид за флертување.
Овој феномен затоа и го има добиено името сексуална заблуда.
Норвешки психолози тврдат дека еволуцијата тука одиграла битна улога, а единствениот детаљ се крие во тоа да не дојде до пропуст – ако жената навистина флертува, постои можност мажот со неа да добие деца и понатаму да ги пренесе своите гени.
Од друга страна, жените послабо го перцепираат сексуалниот интерес и тоа повторно поради еволуцијата, бидејќи ако налетаат на погрешен маж и останат сами со децата додека нивните посилни половини бараат нови жени, се ризиува од појава на ризик да се одгледува детето без помош на маж.Повеќето мажи секој знак за наклоност добиен од страна на спротивниот пол го третираат како флерт, вклучувајќи ја и најобичната љубезност.

Пронајдете не на следниве мрежи: