Поголемата побарувачка за енергија е виновна што мажите имаат поголем нос.
Мажите имаат 10 отсто поголем нос од жените, пишува „Дејли меил“. Поради тоа што мажите имаат повеќе мускулна маса од жените, потребно им е повеќе кислород, па поголемиот нос всушност е еволуциско наследство.
Неандерталците имале поголем нос од модерните луѓе затоа што нивниот организам барал повеќе кислород.
Разликата меѓу половите е најголема после 11-та година од животот, затоа што телата тогаш почнуваат да им се развиваат, кога момчињата добиваат мускулна маса, а девојчињата масно ткиво.
– Со влегувањето во пубертетот се менуваат потребите, па на мажите им треба повеќе кислород заради растење на мускулите, основните метаболички функции и растење, објасни водачот на истражувањето др. Нејтн Холтон.
Пронајдете не на следниве мрежи: