Зошто мажите не сакаат дебели девојки?

Велат дека луѓето денес може да ти простат многу работи, но не и доколку имаш вишок килограми. Тоа едноставно зборува многу за твојата личност и слабиот карактер.Едноставно е, поради една или многубројни причини луѓето со вишок килограми се ставени „на тапет“, а третманот кон жените во оваа категорија е исклучително поразувачки.
Всушност, секоја дебела (како што грдо ја етикетираат) девојка има барем една приказна која зборува за момчето кое ја оставило или воопшто не ѝ дало шанса, само поради нејзината тежина.
Кога група мажи кои учествувале во истражувањето ги запрашале зошто не сакаат да излегуваат со дебели девојки, тие дале брутално искрени одговори кои ќе ве подзамислат:
– „Слично како девојките кои не сакаат да излегуваат со момци кои се пониски од нив, така и мажите не сакаат девојка која тежи повеќе од нив“.
– „Јас бев дебел како помлад и работев навистина напорно да дојдам до една здрава тежина. Од сопствено искуство знам како е да се биде дебел и како тоа влијае на притисокот од општеството и ниската самодоверба. Воедно, не би сакал да имам партнерка која во иднина ќе има здравствени проблеми поради тежината“.
– „Спојлерите и масните наслаги едноставно не се привлечни“.
– „Со исклучок на сериозен здравствен проблем, дебелото тело е знак за нечија негрижа за сопственото здравје. Умот и телото не се две различни работи, тие се поврзани. Не можете да го малтретирате телото и да тврдите дека имате ум кој работи беспрекорно и безгрижно. Дебелото тело е знак на мрзеливост и негрижење за своето општо здравје“.
– „Жената која е дебела едноставно не сака да се грижи за себе“.
– „Јас сум слаб и доколку излегувам со дебела жена, тоа ќе изгледа чудно“.
– „Дебелите девојки кондиционо се понеиздржливи од слабите девојки, а јас сум физички многу активен“.
– „Особено важно ми е да водам здрав живот, а јасно е дека дебелите девојки не практикуваат таков начин на живот“.
– „Полничките девојки може да бидат слатки и симпатични. Но, дебелите се непривлечни“.
– „Сум им раскинал на две девојки кои се запуштиле и премногу се здебелиле. Мојата работа е да заработувам пари, а нејзината да изгледа добро и да се грижи за себе и мене“.
– „Не можам да поднесам мрзливи луѓе. Доколку таа не сака да се помачи да повежба 30 минути дневно, за мене тоа е знак на вистинска мрзеливост“.Едноставно е, поради една или многубројни причини луѓето со вишок килограми се ставени „на тапет“, а третманот кон жените во оваа катег

Пронајдете не на следниве мрежи: