Зошто мажите во Азија се почесто ги силуваат жените?

Мажите во Азија се почесто ги силуваат жените, а дури една четвртина од нив признаваат дека барем еднаш имаат извршено силување. Според истражувањата најмногу се силуваат партнерките во врска, но секој десети маж признава и дека силувал „туѓа“ жена. 
Истражувањето во кое учествувале 10.000 мажи од шест азиски земји, открива дека појавата за силување на жени е поврзано со односот меѓу мажите и жените, па сепак, еден од четворица мажи признале дека извршиле силување на жена која не била нивна партнерка.
Од оние мажи кои признале дека биле силувачи, дури 50 отсто изјавиле дека тоа не им било прво или единствено силување.
Причината за овој одност на мажите кон жените е најчесто „досада“ и за казна, како што посочуваат самите мажи од Азија. 
Во сите земји каде и извршено истражувањето сознанијата за односот на мажите кон жените е различно. Во Папуа-Нова Гвинеја, силување признале дури шестмина од десет испрашувани мажи, што е многу повеќе отколку во Бангладеш или во Шри Ланка, каде како силувачи се јавуваат еден од десет мажи.
Во Камбоџа, Индонезија и во Кина тој однос на силувања се движи меѓу еден и пет, меѓу половината од мажите кои во истражувањето на ОН признале дека извршиле повеќе од едно силување. Истражувањето открива дека многу повеќе силувања се извршуваат во руралните средини, отколку во градовите.
Делови од обемното истражување за насилството врз жените се објавени и во специјалнизираното британско списание „Лансет“.Според истражувањата најмногу се силуваат партнерките во врска, но секој десети маж признава и дека силувал „туѓа“ жена. 

Пронајдете не на следниве мрежи: