Зошто миењето со антибактериски сапун е штетно по здравјето?

Пред појавата на разни гелови за туширање и сапуни, луѓето живееле поздраво. Тие се миеле со вода и евентуално со сапуни кои сами ги изработувале, но денес поголемиот дел од луѓето не можат да замислат да се тушираат само со вода.Но, со миењето со сапун се уништува имунитетот и природната состојба на бактериите на кожата, кои не се таму без причина. Тие, имено, доколку не се нарушени, во допир со нечистотија знаат да ги препознаат штетните бактерии и да ја заштитат кожата од разни кожни проблеми како што се акните или екцемата. 
“Човековото тело има милијарда бактерии како на кожата, така и во цревата, а нивната природна рамнотежа е исклучително важна за нашето здравје. Редовниот контакт со нечистотијата ја учи заедницата на бактерии да препознае кои се лоши, а кои се добри организми. Единствено нешто што препорачувам за користење е благ сапун од органски состојки”, вели гастроентерологот Робин Чуткан.
 
Таа додава дека поголемиот дел од антибактериските сапуни се преполни со силни хемикалии, кои ја нарушуваат рамнотежата на кожата и дека миењето со вода е сосема доволно. Единствените места на кои треба да се употребува органски сапун се деловите под пазувите и препоните.
Чуткан тврди дека нечистотијата не е причинител за болестите, туку убивањето на добрите бактерии и дека дезинфекцијата на рацете со помош на разни гелови и влажни марамчиња е подеднакво непотребна. 
 Но, со миењето со сапун се уништува имунитетот и природната состојба на бактериите на кожата, кои не се таму без причина. Тие, имено, доколку

Пронајдете не на следниве мрежи: